Децата сакаат граници. Сакаат луѓе кои ќе ги фатат за рака и ќе ги учат за животот. За убавите, добри работи, за она што треба и за она што не треба. Без граници, децата се самите осудени…Три нешта им требаат на децата. Присуство, прифаќање и строго раководство. Направи го ти најдоброто што можеш, а другото ќе го дополни Бог…
Неопислива и неискажлива е тајната на Богородица. Неизброиви и необјасниви се чудата на најчистиот плод што некогаш човештвото го дал, Пресвета Дева Марија. Нејзиното име радува срца и духови, утешува таги и лекува слабости. Поширока од Небесата, почиста од Сонцето.
✥Да ја имаш Лидија од Македонија, првата христијанка во Европа.
✥ Да го имаш 1100 години Свети Наум и неговиот манастир, 1000 години Бигорски, 1100 години Свети Климент и Плаошник што е 300 години пред ренесансата во Европа.
Какo Гoспoд извршил тoлку мнoгу дeла? Сo пoмoш на пeттe главни чуда: сo пoнизнoста, сo збoрoт, сo дeлoтo, сo крвта и сo вoскрeсeниeтo. Штo свeдoчат дeлата Христoви? Првo, свeдoчат дeка Зeмјата нe гo испратила, туку нeбoтo; втoрo, дeка нe Гo испратил ангeл, туку Oтeцoт нeбeсeн; трeтo, дeка за такви дeла никoј нe e дoвoлeн oсвeн Oнoј кoј e Вeлик кoлку и Бoг, мoќeн кoлку и Бoг, милoстив кoлку и Бoг – Кoј и самиoт e eднакoв на Бoга.
Смирението и љубовта, детската непосредност и искреност во односот со Бог и кон луѓето биле одлика на неговиот живот и на неговите поуки, кои во продолжение се изложени. Со надеж дека македонскиот православен читател ќе добие голема духовна полза од неговите избрани поуки и од неговиот живот, ја објавуваме оваа книга по 20 години од неговото блажено упокојување.
Ослободувањето од гревот е ослободување од најстрашната болест, затоа што физичката болест е возможна само во физичкиот свет, а гревот е болест која ја разрушува душата, ја заразува со духовна инфекција која заедно со душата преоѓа во вечноста, и таму тоа сознание може да продолжи бесконечно.
Гревот е, пред сѐ, духовна и метафизичка појава. Коренот на гревот е во мистичната длабочина на духовната природа на човекот. Суштината на гревот не е во нарушувањето на етичките норми, туку во отстапувањето од вечниот Божествен живот, за кој е создаден човекот и за кој е природно, т.е. по својата природа, повикан.
Боже, помогни ни да имаме Христолик дух и здив на љубов, ширум да се отворат дверите на Твојата Црква. Помогни ни со другите да дејствуваме во Твојата љубов, како едно семејство, едно тело, за како чеда Твои, да растеме во Духот на соборноста. Амин.
Застапништвото и заштитата на својот живот Ти ги препуштам Тебе Дево, Богородителко, Ти упати ме кон Твоето пристаниште, причино на добрините, снаго на верните, единствена најславена.
Те молам, Дево, да се стиши душевниот немир и бурата на мојата тага, зашто Ти, Богоневесто, си Го родила Христа, Господарот на тишината, единствена Пречиста.
Пустината затворена за погледот човечки
очи ти избистри, собеседник на ангелите
те направи, а ти Христа го прослави
Кој желбата на твојата душа ја исполни,
о свети Исихие чудотворче,
Живeeл вo VI вeк. Тoлку сe усoвршил вo бoгoугoдниот живoт штo ги лeкувал сo мoлитва и најтeшкитe бoлни. Нo нeпријатeлoт на рoдoт чoвeчки навeдувал на нeгo силни искушeнија. Така, eднаш била испратeна при нeгo развратна жeна oд нeкoи мајтапчии. Сe прeправала прeд нeгo и плачeла за да гo навeдe на грeв.
Ги приклонувам колената пред Тебе, како блудниот син во древноста, Господи и Владико, поитај ми во пресрет и прими ме, та прегрнувајќи ме, дарувај ми залог за Твоето Спасение. Наместо наемник, син Твој повторно направи ме, Спасителу човекољубив
Немал кревет. Спиел само неколку часови на некоја даска на земјата. Бидејќи некои млади сакале да живеат покрај него, изградил неколку мали ќелии со помош на побожните луѓе. Вратите на ќелиите биле тесни за да ги потсеќаат на „тесниот пат“ од Евангелието. Проповедал во градот пред многуброен народ,
О, Герасиме оче наш,
славо на подвижниците,
учителу на смиреномудрените,
ученику на великиот Ефтимие,
скротувачу на телесните и духовните ѕверови,
Христос на Кој се молеше сето тоа ти го подари,
Светот засегнат од депресијата е лишен од радост и љубов. Тој свет е осамен и отуѓен, озлобен, ги загубил своите ориентири, свет во кој исчезнала вертикалната димензија и човекот се развива само во хоризонтала на постоењето, во бескрајно пусто разнообразие. Тоа е светот на кој нема што да му кажеш. Свет лишен од
Проливајќи срдечни солзи, да запееме со зборовите на Блудницата, Тебе, Отче и Боже на сите, да Ти припаднеме говорејќи: Ти згрешивме, отстапувајќи од Тебе и се направивме робови на похотите, прими го нашето покајание.
Обидете се срцето и намерите на ближниот да ги толкувате позитивно,а не негативно;
во тој случај, ретко ќе бидете во можност да згрешите,
а на вашиот ближен ќе му биде полесно да се поправи.