логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


 Dejan.Bogojavlenie.jpg

БОЖЕСТВЕНА ЛИТУРГИЈА
НА СВЕТИОТ ОТЕЦ НАШ ВАСИЛИЈ ВЕЛИКИ

Свети Василиј Велики- Божествена Литургија (II дел)

Dejan.Bogojavlenie.jpg

Божествената Литургија на Свети Василиј Велики се извршува илиодделно, или заедно со вечерната богослужба.
Одделно се извршува на 1-ви јануари - празникотна светиот отец, во неделните денови на светата Велика Четириесетница (освен Неделата Цветници) и на празниците Рождество Христово и Богојавление, ако тие се паднат во недела или понеделник. Во последниов случај, имено, кога Рождество Христово и Богојавление се паднат во недела или понеделник, вечерната богослужба на секој од нив се служи вечерта наспроти празникот.
Заедно со вечерната богослужба оваа Литургија се извршува во навечерието на празниците РождествоХристово (24-ти декември) и Богојавление (5-ти јануари), ако навечерието се падне во понеделник, втроник, среда, четврток и петок (во тој случај на самите празници се извршува Златоустова Литургија, а вечерта спроти нив не се служи вечерна), а исто и на сам ден Велики Четврток и Велика Сабота.
Василиева Литургија не се извршува на третата, четвртата и петтата недела од светата Велика Четириесетница, како и на Велики Четврток, ако вотие денови се падне празникот Благовештение. Во тој случај се извршува Златоустова Литургија.
Редот во Литургијата на Свети Василиј Велики е ист како и воЛитургијата на Свети Јован Златоуст.
Кога во навечерието на Рождество Христово и Богојавление се извршува Василиева Литургија, тогаш, по завршувањето на утрената и царските часови, откако свештеникот ќе земе време и ќе ја изврши проскомидијата, тој прави отпуст на 9-от час ипотока вели: Благословено е Царството... По ова веднаш чтецот започнува: Дојдете да се поклониме... иопределениот псалм. Потоа вечерната богослужба се извршува сé по ред. Вход се прави со Свето Евангелие.
По паримиите свештеникот вели: На Господа да се помолиме.
Народот: Амин.
Свештеникот: Заштоси свет Боже наш...
Народот: Амин. Трисвето или наместо трисвето.
Апострол и Евангелие.
Понатаму следува вообичаениот ред на Литургијата.
На Велики Четврток (освен кога на тој ден паѓа Благовештение) и Велика Сабота редот е следниов:
По завршувањето на утрената свештеникот прави отпуст и започнува Велика вечерна со почетен возглас: Благословено е Царството... Понатаму службата продолжува по редот на вечерната со Василиева Литургија.

--------------------------------------------------------

Свештеникот:
Благословено е Царството на Отецот и Синот и Светиот Дух, сега и секогаш и во сите векови.
Народот: Амин.
Ѓаконот:
Во мир на Господа да се помолиме.
Народот: Господи, помилуј.
За вишен мир и за спасение на нашите души, на Господа да се помолиме.
Народот: Господи, помилуј.
За мир на целиот свет, добросостојба на светите Божји цркви, и за соединување на сите, на Господа да се помолиме.
Народот: Господи, помилуј.
За овој свет храм, и за оние што со вера, побожност и благоговение влегуваат во него, на Господа да се помолиме.
Народот: Господи, помилуј.
За блажењејшиот архиепископ наш (името), високопреосвештениот наш митрополит (името), за чесното презвитерство, во Христа ѓаконството, за сиот црковен клир и народ на Господа да се помолиме.
Народот: Господи, помилуј.
За благочестивиот и Христољубив народ наш и за православните христијани, да им помогне и да одолеат на секој непријател и противник, на Господа да се помолиме.
Народот: Господи, помилуј.
За овој град (или: ова село; или: оваа света обител), за секој град, земја и за оние што со вера живеат во нив, на Господа да се помолиме.
Народот: Господи, помилуј.
За благорастворување на воздухот, за изобилие на земни плодови и мирни времиња, на Господа да се помолиме.
Народот: Господи, помилуј.
За оние што пловат, патуваат, боледуваат, страдаат, што се заробени, и за нивно спасение, на Господа да се помолиме.
Народот: Господи, помилуј.
Да се избавиме од секаква скрб, гнев и опасност, на Господа да се помолиме.
Народот: Господи, помилуј.
Заштити, спаси, помилуј и запази нé, Боже, со Твојата благодат.
Народот: Господи, помилуј.
Спомнувајќи ја Пресветата, Пречиста, Преблагословена, Славна Владичица наша Богородица и секогаш Дева Марија со сите Светии, самите себе, еден друг и сиот наш живот на Христа Бога да го предадеме.
Народот: Тебе, Господи.

Dejan.Bogojavlenie.jpg

МОЛИТВА НА ПРВИОТ АНТИФОН:
ГОСПОДИ, Боже наш, чија држава е неспоредлива и славата недостижна, чија милост е безмерна и човекољубието неизречиво, Сам Ти, Владико, според Своето милосрдие, погледај на нас и на овој свет храм, и покажи ни ја, нам и на оние што со нас се молат, Твојата богата милост и Твоето милосрдие.
Свештеникот:
Зашто Тебе Ти приличи секоја слава, чест и поклонение, на Отецот, и Синот, и Светиот Дух, сега и секогаш, и во сите векови.
Народот: Амин.
И се пее првиот антифон:
По молитвите на Богородица, Спасителу, спаси нé. (трипати); (односно првиот изобразителен псалм: Слава... И сега... Благословувај Го душо моја Господа, и сета внатрешност моја - Неговото свето име! Благословен Си Господи).
Ѓаконот, поклонувајќи се кон олтарот, оди од своето место и застанува пред иконата Христова, држејќи го орарот со три прсти од десната рака.
По завршувањето на антифонот, ѓаконот застанува на обично место (пред светите двери) и, откако ќе се поклони, говори
:
Пак и пак во мир на Господа да се помолиме.
Народот: Господи, помилуј.
Заштити, спаси, помилуј и запази нé, Боже, со Твојата благодат.
Народот: Господи, помилуј.
Спомнувајќи ја Пресветата, Пречиста, Преблагословена, славна Владичица наша Богородица и секогаш Дева Марија со сите Светии, самите себе, еден друг и сиот наш живот на Христа Бога да го предадеме.
Народот: Тебе, Господи.

МОЛИТВА НА ВТОРИОТ АНТИФОН:
ГОСПОДИ Боже наш, спаси ги Твоите луѓе и благослови го Твоето наследство; запази ја полнотата на Твојата Црква, освети ги оние што ја љубат убавината на Твојот дом; Ти нив прослави ги со Твојата божествена сила, и не нé оставај нас кои се надеваме на Тебе.
Свештеникот:
Зашто Твоја е власта, и Твое е царството и силата и славата, на Отецот, и Синот, и Светиот Дух, сега и секогаш и во сите векови.
Народот: Амин.
И се пее вториот антифон:
Спаси нé Сине Божји, Кој воскресна од мртвите (во недели и од Велигден до Спасовден), нас кои Ти пееме: Алилуја! (трипати)
односно вториот изобразителен псалм. На крајот на антифонот се пее:
Слава... И сега... Амин. Единороден Сине и Слово Божјо, бесмртен Си, и Си благоволил заради нашето спасение да се воплотиш од Светата Богородица и секогаш Дева Марија, и неизминливо Си се вочовечил; Се распна, Христе Боже, и со смрт смртта ја уништи; Еден Си од Света Троица, и Те прославуваме со Отецот и Светиот Дух, спаси нé.
Ѓаконот се поклонува кон олтарот и оди пред иконата на Богородица.
Ѓаконот:
Пак и пак во мир на Господа да се помолиме.
Народот: Господи, помилуј.
Заштити, спаси, помилуј и запази нé, Боже, со Твојата благодат.
Народот: Господи, помилуј.
Спомнувајќи ја Пресветата, Пречиста, Преблагословена, славна Владичица наша Богородица и секогаш Дева Марија со сите Светии, самите себе, еден друг и сиот наш живот на Христа Бога да го предадеме.
Народот: Тебе, Господи.

МОЛИТВА НА ТРЕТИОТ АНТИФОН:
ТИ, Кој Си ни ги дарувал овие заеднички и согласни молитви; Кој и на двајца или тројца, сложни во Твое име, Си ветил да им дадеш она за што се молат; Самиот и сега во полезност исполни ги прозбите на Твоите раби, давајќи ни во сегашниот век познавање на Твојата Вистина, а во идниот дарувај ни живот вечен.
Возглас:
Зашто Си благ и човекољубив Бог, и Тебе слава Ти вознесуваме, на Отецот и Синот и Светиот Дух, сега и секогаш и во сите векови.
Народот: Амин.
Ги отвораат царските двери за малиот Вход.
Се пее третиот антифон, или Блаженствата, или тропарот. Кога ќе почне пеењето на: Слава на Отецот и Синот и Светиот Дух, свештеникот и ѓаконот, стоејќи пред Светиот Престол, прават три поклони. Потоа свештеникот го зема Светото Евангелие и му го дава на ѓаконот; и така, излегувајќи низ северната врата, прават мал Вход, додека пред нив одат свеќоносци; и, застанувајќи двајцата среде храмот, ги приклонуваат главите, а кога ѓаконот тивко ќе рече: На Господа да се помолиме, свештеникот тивко говори:

МОЛИТВА НА ВХОДОТ
Владико Господи, Боже наш, Кој на Небесата Си востановил чинови и војски на Ангели и Архангели да í служат на Твојата слава; направи входот наш да биде вход и на светите твои Ангели, сослужувајќи со нас и сославословувајќи ја Твојата добрина. Зашто Тебе Ти приличи секоја слава, чест и поклонение, на Отецот, и Синот, и Светиот Дух, сега и секогаш и во сите векови. Амин.
Ѓаконот, по завршената молитва, покажувајќи кон исток со својата десна рака и држејќи го орарот со три прсти, кон свештеникот говори:
Благослови го, Владико, светиот Вход.
Свештеникот, благословувајќи, вели:
Благословен е Входот на Твоите Светии, постојано, сега и секогаш и во сите векови. Амин.
Тогаш ѓаконот оди кон епископот или настојателот, ако е присутен, а тој го целива Евангелието; а ако не е присутен, го целива само свештеникот. Кога ќе заврши и последниот тропар, ѓаконот оди на средината па, застанувајќи пред свештеникот и издигнувајќи го Светото Евангелие, гласно повикува:
Премудрост, простум!
Тогаш се пее:
Дојдете да се поклониме и да припаднеме кон Христа: Спаси нé, Сине Божји, во Светиите дивен (ако е недела: од мртвите воскреснат), нас кои Ти пееме: Алилуја.
Ѓаконот и свештеникот откако се поклонат, влегуваат во олтарот, па ѓаконот го остава Светото Евангелие на Светиот Престол.
Тогаш се пеат одредени тропари и кондаци.
Свештеникот, за време на пеењето на тропарите, тивко ја говори молитвата на Трисветата песна:

МОЛИТВА НА ТРИСВЕТАТА ПЕСНА
Боже Свет, Кој во светиите почиваш, Тебе со присвет глас Ти пеат Серафимите и Те славословуваат Херувимите, и Тебе Ти се поклонуваат сите Небесни Сили; од небитие во битие Ти сé Си привел; Ти Си го создал човекот според својот образ и подобие, и со секој Свој дар Си го украсил; Ти даваш мудрост и разум на оној што Те моли, и не го презираш грешникот, туку за спасение Си одредил покајание; Ти Си нé удостоил нас, смирените и недостојни служители Твои, и во овој час да стоиме пред славата на светиот Твој Жртвеник и да Ти принесуваме должно поклонување и славословие; Самиот Ти, Владико, и од устите на нас грешните прими ја Трисветата песна, и посети нé со Својата благост; прости ни го секое согрешение, волно и неволно; освети ги нашите души и тела, и дај ни во светост да Ти служиме во сите денови од нашиот живот, - по молитвите на Света Богородица и на сите светии, кои од памтивек Ти угодиле.
Ѓаконот, кога ќе се испее последниот кондак, кон народот возгласува:
Да се помолиме на Господа.
Народот: Господи, помилуј.
Ѓаконот, приклонувајќи ја главата и држејќи го орарот со три прсти, кон свештеникот тивко вели:
Благослови го, Владико, времето на Трисветото.
Свештеникот, благословувајќи го, гласно говори:
Зашто Си свет, Боже наш, и Тебе слава Ти вознесуваме, на Отецот, и Синот, и Светиот Дух, сега и секогаш,
Ѓаконот: и во сите векови.
Народот: Амин.
Свети Боже, Свети Крепки, Свети Бесмртни, помилуј нé. Ш(или: Вие кои во Христа се крстивте, во Христа се облековте, Алилуја; или: На крстот Твој му се поклонуваме, Владико, и светото воскресение Твое го славиме)Ќ. (трипати)
Додека народот пее, свештеникот и ѓаконот, исто така, ја говорат Трисветата песна, заедно правејќи три поклони пред Светиот Престол. Потоа, кон свештеникот, ѓаконот вели:
Заповедај, Владико.
И одат на Горно место; свештеникот, одејќи, вели:
Благословен е Кој доаѓа во името на Господа.
Ѓаконот:
Благослови го, Владико, Горниот престол.
Свештеникот, благословувајќи, вели:
Благословен Си на Престолот на славата на Твоето Царство, Ти, Кој седиш на Херувими, сега и секогаш и во сите векови. Амин.
Ѓаконот, по завршувањето на Трисветата песна, доаѓа пред светите двери и говори:
Да внимаваме.
Свештеникот: Мир на сите.
Чтецот: И на духот твој.
Ѓаконот: Премудрост!
Чтецот: Прокимен, глас...
Ѓаконот: Премудрост!
Чтецот го говори насловот на Апостолот;
Ѓаконот: Да внимаваме!
И се чита Апостолот. По завршувањето на Апостолот, свештеникот говори:
Мир на тебе што ни читаше!
И се пее Алилуја со стиховите. Додека тоа се пее, ѓаконот ја зема кадилницата со темјан, пристапува кон свештеникот, прима благослов и ја вади Светата Трпеза наоколу, целиот олтар и свештеникот, а од солеата го кади иконостасот и народот.
Свештеникот тивко говори:

МОЛИТВА ПРЕД ЕВАНГЕЛИЕТО
Заблескај ја во нашите срца, човекољубив Владико, неминливата светлост на Твоето богопознание, и нашите духовни очи отвори ги за разбирање на Твоите евангелски проповеди. Возложи го во нас и стравот на Твоите блажени заповеди та, победувајќи ги сите плотски похоти, да оствариме духовно живеење, мислејќи и творејќи сé што Тебе Ти е угодно. Зашто Ти Си просветлување на нашите души и тела, Христе Боже, и Тебе слава Ти вознесуваме, со беспочетниот Твој Отец, и пресветиот и благ и животворен Твој Дух, сега и секогаш и во сите векови. Амин.
А ѓаконот, оставајќи ја кадилницата, приоѓа кон свештеникот и, приклонувајќи ја главата, држејќи го со три прсти орарот, покажува на Светото Евангелие и вели:
Благослови го, Владико, благовестителот на светиот Апостол и Евангелист (името на Евангелистот чие Евангелие се чита).
Свештеникот, пак, осенувајќи го со крсниот знак, говори:
Бог, по молитвите на светиот славен Апостол и Евангелист (името), да ти даде слово да благовестуваш со голема сила, за исполнување на Евангелието на Својот возљубен Син, Господ наш Исус Христос.
Ѓаконот, велејќи Амин и поклонувајќи се побожно кон Светото Евангелие, го прима од рацете на свештеникот и излегува низ светите двери, а пред него одат свеќоносци; доаѓа и застанува на амвонот (насред храмот; или се качува на проповедалницата).
Свештеникот, од светите двери, вели:
Премудрост, простум стоејќи, да го чуеме Светото Евангелие; Мир на сите.
Народот: И на духот твој.
Ѓаконот:
Ќе се чита од Светото Евангелие според (името на евангелистот).
Народот: Слава Ти, Господи, слава Ти!
Свештеникот: Да внимаваме!


И се чита Светото Евангелие.
Свештеникот, по читањето на Евангелието, го благословува ѓаконот и вели:
Мир на тебе, што благовестуваше.
Народот: Слава Ти, Господи, слава Ти!
Ѓаконот, доаѓа до светите двери (кои се затвораат откако ќе му го предаде на свештеникот Светото Евангелие), па застанува на одредено место и ја почнува ектенијата:
Да речеме сите од сета душа и од сета мисла наша, да речеме.
Народот: Господи, помилуј.
Господи Седржителу, Боже на нашите отци, Ти се молиме, послушај и помилуј.
Народот: Господи, помилуј.
Помилуј нé, Боже, според Твојата голема милост, Ти се молиме, послушај и помилуј.
Народот: Господи, помилуј. (трипати)
Уште се молиме за благоверниот и христољубив народ наш и за сите православни христијани.
Народот: Господи, помилуј. (трипати)
Уште се молиме за блажењејшиот архиепископ наш (или: високопреосвештениот митрополит; или: преосвештениот епископ наш (името), и за сите во Христа браќа наши.
Народот: Господи, помилуј. (трипати)
Уште се молиме за браќата наши, свештеници, ѓакони и за сето во Христа братство наше.
Народот: Господи, помилуј. (трипати)
ШАко е манастир: Уште се молиме за настојателот на оваа света обител (името) и за сето во Христа братство нашеЌ.
Народот: Господи, помилуј. (трипати)
Уште се молиме за блажените и секогаш спомнувани создатели и ктитори на овој свет храм (или: оваа света обител) за сите патријарси православни, и за сите порано починати отци и браќа наши, кои лежат тука и насекаде во Православието.
Народот: Господи, помилуј. (трипати)
Уште се молиме за плодоносците и доброчинителите во овој свет и сечесен храм (или: оваа света и сечесна обител), за оние коишто се трудат, коишто пеат, и за луѓето што стојат на молитва, чекајќи од Тебе голема и богата милост.
Народот: Господи, помилуј. (трипати)
Свештеникот, додека ѓаконот го говори ова, чита тивко:

МОЛИТВА НА УСРДНОТО МОЛЕЊЕ
ГОСПОДИ, Боже наш, прими го ова усрдно молење од Твоите слуги и помилуј нé според мноштвото на милоста Твоја, и испрати ни го Твоето милосрдие нам и на сите Твои луѓе, кои чекаат од Тебе богата милост.
Возглас:
Зашто Си милостив и човекољубив Бог, и Тебе слава Ти вознесуваме, на Отецот, и Синот, и Светиот Дух, сега и секогаш и во сите векови.
Народот: Амин.
Ѓаконот:
Огласени, помолете се на Господа.
Народот: Господи, помилуј.
Верни, да се помолиме за огласените, Господ да ги помилува.
Народот: Господи, помилуј.
Да ги огласи со Словото на вистината.
Народот: Господи, помилуј.
Да им го открие Евангелието на правдата.
Народот: Господи, помилуј.
Да ги соедини со Својата света, соборна и апостолска Црква.
Народот: Господи, помилуј.
Спаси, помилуј, заштити и сочувај ги, Боже, со Твојата благодат.
Народот: Господи, помилуј.
Огласени, вашите глави приклонете ги пред Господа.
Народот: Тебе, Господи.
Свештеникот, пред да го развие антиминсот, пред светото Вознесување, тивко говори:

МОЛИТВА ЗА ОГЛАСЕНИТЕ
ГОСПОДИ Боже наш, Кој на висините живееш и на смирените гледаш, Кој на човечкиот род Си му го испратил спасението, - Единородниот Твој Син и Бог, Господ наш Исус Христос; погледај на Твоите огласени чеда, што Ти ги приклониле своите глави, и во време благонадежно удостој ги за бањата на повторното раѓање, за отпуштање на гревовите и за нетлена облека; соедини ги во Твојата света, соборна и апостолска Црква, и вброј ги во Твоето избрано стадо.
Свештеникот го простира антиминсот и говори возглас:
Да го слават и тие со нас пречесното и величествено име Твое, - Отецот и Синот и Светиот Дух, сега и секогаш и во сите векови.
Народот: Амин.
Ѓаконот:
Вие огласените, излезете; огласени, излезете; вие огласените, излезете. Без огласените, вие верните, пак и пак во мир на Господа да се помолиме.
Народот: Господи, помилуј.
Свештеникот, откако ќе го развие антиминсот, тивко говори:

ПРВА МОЛИТВА НА ВЕРНИТЕ
Ти, Господи, Си ни ја покажал оваа велика Тајна на спасението. Ти Си нé удостоил нас, смирените и недостојни Твои слуги, да бидерме служители на Твојот свет жртвеник. Ти и укрепи нé, со силата на Светиот Твој Дух, на оваа служба, та неосудено застанувајќи пред Твојата света слава, да Ти принесеме пофална жртва: Зашто Ти Си Оној, што дејствува чинејќи сé во сé. Дај, Господи, да биде примена нашата жртва за нашите гревови, и за човечките незнаења и да биде благопријатна пред Тебе.

Ѓаконот:
Заштити, спаси, помилуј и сочувај нé, Боже, со Твојата благодат.
Народот: Господи, помилуј.
Ѓаконот: Премудрост!
Свештеникот гласно:
Зашто Тебе Ти приличи секоја слава, чест и поклонение, на Отецот, и Синот, и Светиот Дух, сега и секогаш и во сите векови.
Народот: Амин.
Ѓаконот:
Пак и пак во мир на Господа да се помолиме.
Народот: Господи, помилуј.

ВТОРА МОЛИТВА НА ВЕРНИТЕ
Боже, Ти што во милоста и милосрдието Си го посетил нашето смирение, и Си нé поставил нас, смирените и недостојни Твои слуги, пред Твојата света слава, да служиме на Твојот свет жртвеник: Укрепи нé, со силата на Светиот Твој Дух, на оваа служба, и дај ни слово, со кое ќе ги отвориме нашите усти и ќе ја повикаме благодатта на Светиот Твој Дух, на даровите што ќе бидат предложени.

Ѓаконот:
Заштити, спаси, помилуј и запази нé, Боже, со Твојата благодат.
Народот: Господи, помилуј.
Ѓаконот: Премудрост!
и влегува во олтарот.
Свештеникот, возгласува:
Та секогаш чувани со Твојата власт, Тебе слава да Ти вознесуваме, на Отецот, и Синот, и Светиот Дух, сега и секогаш и во сите векови.
Народот: Амин.
И се отвораат светите двери. Тогаш се пее Херувимската песна, а ѓаконот, ја зема кадилницата, става темјан, приоѓа кон свештеникот и, откако прими благослов, ја кади Светата Трпеза, околу, и целиот олтар и свештеникот, потоа излегува пред светите двери, го кади иконостасот и народот, говорејќи го Псалм 50. За тоа време свештеникот тивко ја чита оваа молитва:
Никој од врзаните со телесни похоти и страсти не е достоен да Ти приоѓа или да се приближи, или да Ти служи Тебе, Цару на славата; зашто да Ти се служи Тебе - велико и страшно е и за самите Небесни сили. Но сепак, заради неискажливото и неизмерно човекољубие Твое, непроменливо и неизменливо Си станал човек, и Си ни бил Архиереј и, како Владика на сите, Си ни го предал свештенодејствието на оваа литургиска и бескрвна жртва; зашто единствен Ти, Господи Боже наш, владееш со небесното и земното, носен на Престол херувимски, Господ на Серафимите и Цар на Израилот, Кој Си единствен Свет и во светиите почиваш.
Затоа Те молам Тебе, единиот благ и добропослушлив: погледни на мене грешниот и непотребниот Твој слуга, и очисти ја мојата душа и срце од нечестива совест, и оспособи ме со силата на Твојот Свет Дух, облечен во благодатта на свештенството, да застанам пред оваа Твоја света Трпеза, и да свештенодејствувам свето и пречисто Тело Твое и чесна Крв Твоја, зашто кон Тебе приоѓам, приклонувајќи го својот врат, и Ти се молам, да не го одвраќаш Твоето лице од мене, ниту да ме отфрлаш од Твоите чеда, но удостој да Ти бидат принесени, преку мене грешниот и недостоен Твој слуга, овие Дарови. Зашто Ти Си, Кој принесува и Се принесува; Кој прима и Се раздава, Христе Боже наш, и Тебе слава Ти вознесуваме, со беспочетниот Твој Отец, и пресветиот и благ и животворен Твој Дух, сега и секогаш и во сите векови. Амин.

По молитвата и кадењето, свештеникот и ѓаконот, застанувајќи пред Светиот Престол, ја говорат Херувимската песна и се поклонуваат по еднаш (трипати).
Свештеникот:
Ние, кои херувимите
таинствено ги изобразуваме,
и на Животворната Троица
Трисвета песна Ü пееме,
секоја животна грижа
сега да ја оставиме;
Ѓаконот:
Како оние кои ќе го примат Царот на сите,
невидливо носен на престол
од Ангелски Сили,
Алилуја, Алилуја, Алилуја.

На Велики четврток наместо Херувимската песна вели:
На Твојата Тајна вечера прими ме за причесник денес, Сине Божји, зашто нема да ја соопштам Тајната на Твоите непријатели, ниту ќе Ти дадам целив како Јуда, но како разбојникот Те исповедам: спомни Си за мене, Господи, во Твоето Царство. Алилуја, алилуја, алилуја.

А на Велика Сабота:
Да молчи секоја човечка плот, и да стои со страв и тепет, и ништоземно восебе да не помислува: Заштоцарот на царевите и Господ на господарите доаѓа дабиде заколен и дасе предаде за храна на верните.
Нему, пак, Му претходат ангелските чинови сосите началства и власти, многуоките херувими и шестокрилите серафими, сокривајќи ги лицита и песна пеејќи: алилуја, алилуја, алилуја.
Потоа свештеникот го извршува Великиот вход по редот како и на Златоустовата Литургија.
По Великиот Вход ѓаконот вели:
Да ја дополниме нашата (вечерна) молитва пред Господа.
Народот:
Господи, помилуј.
Ѓаконот:
За предложените чесни Дарови, на Господа да се помолиме.
Народот: Господи, помилуј.
За овој свет храм, и за оние што со вера, побожност и со страв Божји влегуваат во него, на Господа да се помолиме.
Народот: Господи, помилуј.
Да нé избави од секаква скрб, гнев и опасност, на Господа да се помолиме.
Народот: Господи, помилуј.
Заштити, спаси, помилуј и запази нé, Боже, со Твојата благодат.
Народот: Господи, помилуј.
Цел ден (вечер) совршен, свет, мирен и безгрешен, од Господа просиме.
Народот: Подај, Господи.
Ангел на мирот, верен водител, пазител на нашите души и тела, од Господа просиме.
Народот: Подај, Господи.
Проштевање и отпуштање на нашите гревови и прегрешенија, од Господа просиме.
Народот: Подај, Господи.
Останатото време од нашиот живот да го поминеме во мир и покајание, од Господа просиме.
Народот: Подај, Господи.
Христијански крај на нашиот живот, безболен, непосрамен, мирен, и добар одговор на Страшниот Христов суд, просиме.
Народот: Подај, Господи.
Спомнувајќи ја Пресветата, Пречиста, Преблагословена, славна Владичица наша Богородица и секогаш Дева Марија со сите Светии, самите себе и еден друг, и сиот наш живот на Христа Бога да го предадеме.
Народот: Тебе, Господи.
Свештеникот:
 Господи, Боже наш, Кој Си нé создал и Си нé вовел во овој живот, Кој Си ни го покажал патот кон спасението, и Си ни го дарувал откровението на небесните Тајни: Ти, Кој Си не поставил на оваа служба со силата на Светиот Твој Дух: благоволи, Господи, да бидеме служители и на Твојот нов завет, служители на Твоите свети Тајни: прими нé нас, кои пристапуваме кон светиот Твој жртвеник според големата милост Твоја, достојно да Ти ја принесуваме оваа словесна и бескрвна жртва за нашите гревови и човечките незнаења: та примајќи ја неа во светиот, наднебесен и духовен Твој жртвеник како благопријатен мирис, да ни ја испратиш благодатта на Светиот Твој Дух. Погледни на нас Боже, и види ја нашава служба, и прими ја неа, како што Си ги примил Авеловите дарови, Ноевите жртви, Авраамовата сепаленица, Мојсеевото и Аароновото свештенство, Самуиловата мирна жртва. Како што Си ја примил и од Твоите свети апостоли оваа вистинска служба, така и од рацете на нас грешните прими ги овие дарови според Твојата добрина, Господи: та удостојувајќи се, беспорочно да служиме пред светиот Твој жртвеник, да ја добиеме наградата на верните и мудри сотрудници, во страшниот ден на Твојата праведна отплата.

Свештеникот:
По милосрдието на Твојот Единороден Син, со Кого Си благословен, со пресветиот и благ и животворен Твој Дух, сега и секогаш и во сите векови.
Народот: Амин.
Свештеникот: Мир на сите.
Народот: И на духот твој.
Ѓаконот:
Да се возљубиме еден со друг, и единомислено да Го исповедаме:
Народот:
Отецот, и Синот, и Светиот Дух, - Троица едносуштна и неразделна.
Свештеникот се поклонува трипати, говорејќи тивко:
Ќе Те возљубам, Господи, крепост моја. Господ е тврдина моја, и прибежиште мое. (трипати) и потоа гласно:
Двери, двери, со премудрост да внимаваме.
Свештеникот, подигнувајќи го воздухот над Светите Дарови, го вее над нив и говори исто што и народот:

ВЕРОИСПОВЕДАНИЕТО

(продолжува)

Свети Василиј Велики- Божествена Литургија (II дел)

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3213
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7697
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

22/12/2024 - недела

Божикен пост (на риба)

Зачнувањето на Света Ана; Св. Ана, мајката на Пророкот Самуил; Преп. Стефан Новосјаен; Св. Софрониј, архиепископ Кипарски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Велики сте вие Мино и Ермогене,кои лично Христово присуство вовашите страдања измоливте.Благодатта преку вас не само Евграфа туку и целото...

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Се зарадува душата твоја во Господа,а таа радост по твоите молитви Христос ја пренесе на верните свои,о Ано смирена слугинко...

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная