Тој дава знаци,
Видливи за оние кои Го бараат,
И невидливи за рамнодушните кон Него.
На оние кои сакаат да видат,
Им дава доволно светлина.
На оние кои не сакаат да видат,
Им дава доволно темнина.
Блез Паскал зборувал за тоа дека во срцето престојува поинаква логика, различна од логиката на
сознавачкиот ум. Паскал, и самиот необична појава, зборувал за тоа дека Бог му приоѓа на човекот, не како Бог на философите и учените, но како Бог на Аврам, Исак и Јаков.
20.00 ч. – Проекција на документарен филм
БЛАГОДАТНА УТЕХА
Свето-Троицка Сергиева Лавра посветена на Свети Сергеј Радонешки е еден од најголемите христијански центри во Русија и во светот и светско културно наследство на УНЕСКО. Манастирот датира од 1422 година и во него се наоѓаат околу 500 свети реликвии, а во него била и средбата на Свети Сергеј со Пресвета Богородица.
Благодарност на фестивал ВСТРЕЧА-СРЕТЕНИЕ од Русија
Во недела, на 20.09.2020 година, во навечерието на великиот празник Рождество на Пресвета Богородица, со почеток во 17:00 часот, ќе се отслужи Празнична вечерна богослужба во храмот посветен на Богородичното рождество во Центарот на Скопје. Вечерната молитва ќе биде проследена со Литија околу централното градско подрачје.
Ги повикуваме сите верни чеда кои ќе учествуваат на овој торжествен молитвен собор, да ги почитуваат мерките за заштита од вирусот ковид – 19, така што за сето времетраење на Вечерната богослужба и на Литијата ќе носат заштитни маски и ќе го одржуваат препорачаното меѓусебно растојание.
И дојде во Назарет, каде што беше одраснал, и по обичајот Свој влезе еден саботен ден во синагогата, па застана да чита.
17. Му ја подадоа книгата на пророкот Исаија; и Он, штом ја отвори, го најде местото каде што беш напишано:
18. Духот Господов е врз Мене; затоа Ме помаза да им соопштам радосна вест на бедните. Ме прати да ги исцелам сокрушените по срце, да им проповедам на заробените ослободување и зачалото од Евангелието според Лука, во кое се зборува за првата проповед на Христос во синагогата во Назарет (Лука 4,16-18).
Духoт на Гoспoда e врз Мeнe. Зoштo Oн тoа гo гoвoри кoга e рамeн на Духoт какo и на Oтeцoт? Заради свeдoштвo на луѓeтo, какo штo тoлкува св. Златoуст. Нe вeли благoдатта на Духoт, туку Духoт, бидeјќи благoдатта на Духoт e на вeрнитe луѓe, а на Нeгo e самиoт Дух, какo штo и сe пoкажалo на рeката Јoрдан. Духoт e свeдoк на Синoт и ниeдeн мoмeнт Синoт нe бил бeз Духoт.
Првиот Вселенски Собор определи црковната година да почнува на 1 септември. Месецот септември кај Евреите беше почеток на граѓанската година (Исх. 23, 16), месец на собирање на плодовите и принесување жртви на благодарност кон Бога. Во времето на ова празнување Господ Исус влезе во синагогата во Назарет и ја отвори книгата на Пророкот Исаија и ги прочита зборовите: „Духот Господов е врз Мене; зашто Господ Ме помаза за да им благовестам на бедните,
Сакаме ние или не, страдања ни се испраќаат, зашто се спасителни. Бог го прави тоа од љубов кон нас, откако ќе не симне од широкиот пат и ќе не постави на тесниот и мачен пат. Луѓето во светот, исто така, носат маки, и тоа, уште потешки од нашите. Ние имаме грижа само за себеси и за својата душа, а тие се сврзани со брачни врски и имаат деца!... И така, увери се, дека причината за нашите маки се нашите страсти - главно гордоста, а по неа и другите, кои не мачат безмилосно.
Кога зборуваме за брак, ние, никогаш не смееме да го гледаме тоа како што го гледа светот односно бракот како институција, туку тоа е најтесната соборност која може да постои помеѓу луѓето, а единствено се бара да бидат од спротивен пол. Господ го благословил тоа заради поддршка на мажот и жената во пронаоѓање на нивните слабости, страсти и пороци, едноставно мажот и жената треба еден со друг да се надополнуваат во текот на целокупниот период од нивниот брак.
Познатиот романски антрополог Мирчеа Елиаде вели дека територијата што не е освоена е секогаш територија на други кои по дефиниција се варвари. Западот се држи до таа максима и ние сме варвари за нив овде на Балканот. Сега, со помош на глобализацијата, тие нè цивилизираат. Проблемот е како гледаме на нив од Балканот, и на нив гледаме
Чeстoпати сe случувалo Христoвитe мачeници, наврeдeни и исмeани пo судoвитe, oднeнадeж да направат нeкoe чудo штo влeвалo страв кај нeвeрницитe. Или идoлитe паѓалe, или грoмoви ги разурнувалe нeзнабoжeчкитe храмoви, или нeнадeeн дoжд гo гаснeл oгнoт пoдгoтвeн за нивнo спалувањe, или мачитeлитe самитe сeбe сe тeпалe сo камeња и сo стапoви и др. Така, Антипатр, мачитeлoт на св. Мирoн,
За време на благословениот Богородичен пост, искушеничката Латина Стаменкова од Ерусалимскиот Гетсимански манастир на Света Марија Магдалена, ги направи своите први чекори во монаштвото и беше потстрижана, добивајќи го своето монашко име Лаврентија. Инаку сестра Лаврентија е голем пријател на нашиот манастир и ценет соработник на манастирската веб страна, која долги години со голема љубов верно ги известува нашите читатели за сите новини поврзани со Светата Земја и Ерусалим.
Во тек е Саемот за книга 2020, кој ќе трае до 14 септември. Оваа година, согласно Протоколите за спречување на ширење на коронавирусот, пропишани од Владата, саемот се одржува на отворено во А1 Арена СЦ Борис Трајковски, кај Аква Паркот, под монтажни објекти.
МПЦ и оваа година учествува на Саемот на книгата 2020 и Ве покануваме да го посетите нашиот штанд.
Сo Христoвитe рани ниe сe излeкувавмe, така прoрeкува Бoжјиoт прoрoк и сeга ниe знаeмe дeка нeгoвoтo прoрoштвo e вистинскo. Сo Христoвoтo страдањe ниe сe спасивмe oд вeчнoтo страдањe; сo Нeгoвата прeчиста крв и ниe сe oчистивмe oд грeвoвната губа и oживeавмe. Нашeтo тeлo и крвта пoстанаа нeчисти oд грeвoвнитe страсти, а нашиoт дух бeшe гнeздo и извoр на тeлeсна нeчистoтија.
Ако се задлабочиме поусрдно во животниот пат на човекот, ќе го разбереме настојувањето на Црквата во врска со воздржанието. Зошто Црквата настојува да се пази воздржанието пред бракот? Да нема предбрачни врски, човекот да е целомудрен? Да се подвизува, да го помине пубертетот и да не се оддава постојано на наслади? Причината е токму во тоа младиот човек да го пренасочи својот силен копнеж на првата љубов и да Го возљуби Бога.
Со благослов на игуменот на Бигорската Свештена Обител, владиката Антаниски Партениј, а по повод 1000-годишнината од основањето на нашиот десетвековен духовен светилник, професионален тим предводен од режисерот Илија Ико Каров, во изминатите 2,5 години подготвува документарен филм, насловен „1000 години Сведок на Светлината“.
Св. Сава рекол: „Ако попот е грешен, неговата молитва не е грешна“. Не осудувајте го својот свештеник, не омаловажувајте го, не гонете го. Тој за своите гревови ќе одговара пред Бога повеќе отколку вие за вашите, затоа што е свештеник на живиот Бог. Ако свештеникот е грешен, почитувај го и со почитта ќе го засрамиш и тој ќе се поправи. Но ако го осудуваш и омаловажуваш, тој ќе стане уште полош. Браќа, почитувајте ги своите свештеници.