„Ви донесуваме уште една радост. Светиот архиејски сабор ѝ излезе во пресрет
на молбата на Македонската православна црква – Охридска Архиепископија.
Благословува, прифаќа и признава автокефален статус“.
Слушнете ја громогласната реакција на верниците насобрани во соборниот храм свети Климент Охридски
кога српскиот патријарх Порфириј
ја призна автокефалноста на Македонската Православна Црква.
Бог ни даде ден во кој дочекавме да ја слушнеме одамна посакуваната и очекувана вест, рече поглаварот на МПЦ-ОА Архиепиското Охридски и Макеоднски Стефан во беседата по заедничката литургија со поглаварот на СПЦ Порфириј кој потоа соопшти дека ја прифаќа и признава автокефалноста на Македонската православна црква – Охридска архиепископија.
Денес, на 23 мај, во попладневните часови, во канонска посета на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија пристигна Патријархот Српски г. г. Порфириј, заедно со архијереите на Српската Православна Црква: Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Црногорско-приморски г. Јоаникиј и Нивните преосвештенства, Епископот Сремски г. Василиј, Епископот Бачки г. Иринеј,
Во текот на својот живот Јоаким Крчоски објавил пет книги, а одиграл голема улога во просветувањето на народот во кривопаланечко. Иако нема точен податок за тоа каде е роден, се верува дека е од Кичево (оттаму од епитетот Крчоски, според турската варијанта на името на градот, Крчова), но сепак најголемиот дел го поминал во Крива Паланка.
Почувствувала жената Самарјанка дека пред себе има еден Пророк, и возбудена и збунета таа Му одговара: „Знам, тоа што Ти го говориш нам ќе ни го објави Месијата, Спасителот, Кој треба да дојде во овој свет“. И Спасителот тогаш одговара: „Јас Сум, Кој говорам со тебе“. Внимавајте
О, преславни учители и просветители на словенските народи, свети рамноапостолни Методиј и Кирил. Кон вас, како чеда кон своите отци, со светлината на учењата и од буквите ваши просветени и во верата Христова поучени, сега усрдно прибегнуваме и со скрушени срца се молиме. Ако вашите завети, како непослушни чеда, не ги запазивме и за угодувањето на Бога, како што нè учевте, не се грижевме, и од
Очигледно е дека книгата ја допре стварноста од духовниот живот на многу луѓе, дури и на оние кои се далеку од било каква религиозност и неделни црковни собирања. За мене беше исклучително важно и интересно тоа што голем број луѓе, во оваа книга ја пронајдоа својата судбина.
Дојде денот на сесветлото торжество, градот Бари се радува, а со него и целата вселена ликува, со песни и пеења духовни, зашто денес е светото торжество, на пренесување на чесните и многуцелебни мошти на светителот и чудотворец Николаја, кој засветли како сонце незаодно со светлозрни зраци, растерувајќи го мракот на искушенија и неволи од оние што со вера викаат: Спасувај нѐ, како наш застапник, велики Николае.
Одговорноста на секој поединец за искажаниот став или збор е многу поголема во јавната комункација. Но, не секој став и не секој исказ. Важно е да разбереме дека постои разлика меѓу следниве три типа на говор: „критичкиот или грубиот говор“, потоа „клеветењето и навредливиот говор“ и „говорот на омраза“.
Активностите почнуваат вечер во 18 часот со воскресна вечерна богослужба и парастос за блаженоупокоениот игумен Јоаким Крчовски.
Утре во 07.30 часот ќе се одржи воскресна утрена богослужба, а во 09.00 света божествена литургија и вбројување во диптихот на светите на Свети Јоаким Крчовски.
Споменот на овој голем апостол и евангелист се празнува на 26 септември. А на 8 мај се споменува чудото пројавено на неговиот гроб. Имено, кога Јован имаше повеќе од сто години, зеде седуммина од своите ученици, излезе од Ефес и им нареди на учениците да му ископаат гроб во вид на крст. Потоа старецот слезе жив во гробот и беше погребан.
Отец Пајсиј рече дека човекот има две радости. Кои?
Една радост е кога ќе прифатиш нешто од некого. Другото е кога ќе подарите нешто. Втората радост е поголема.
„Се сеќавам“, рече тој, „еднаш, за време на војната, имаше силно гранатирање. Си ископав мал ров.
Во времето на царот Констанс, синот на Свети Константин, кога беше патријарх Кирил Ерусалимски, во девет часот наутро над Голгота се појави Чесниот Крст и се простираше до небото над Елеонската Гора. Тој Крст беше посветол од сонцето и поубав од најубавото виножито.
Човекот по својата природа има своја цел и Бог го бара тоа од него. И затоа заповеда човекот најнапред да го разбере тоа, да го засака и да има волја да работи за тоа. А за да може мислата да биде остварена во дело, да приложува труд и да ја извршува потребната работа, - за ова Господовата благодат му го дава сето ова на оној што поверувал и посакал да го врши. Затоа човековата слободна волја е од суштествено
Покајното чувство треба да нѐ придружува постојано, и тоа треба да биде нашата главна подготовка за Причеста. Ако постојано се подготвуваме за примање на Светите Христови Тајни и ги примаме нив толку често, колку што можеме, тоа и ќе биде правилно христијанско устројство.
Со радост му соопштуваме на верниот народ дека од 23 до 24 мај 2022 година, во посета на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија ќе престојува делегација на Српската Православна Црква предводена од Неговата Светост, Српскиот Патријарх г. г. Порфириј.