Божествена Литургија во хрмот на св.вмч. Димитриј, Скопје (28.08.2017)
БЕСЕДА: Успение на Пресвета Богородица
Најнапред, на Божјата Мајка и приличи слава и величание поради нејзините богоподобни доблести. Без сомнеж, Богомајката е најубавиот украс, најголема чест и слава на целиот човечки род, зашто со неа човечката природа е возвишена до најголемиот степен на моралното совршенство. Таа целата е добрина, очистена од Светиот Дух и во неа нема ниту трошка порок.