логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 

Пред Твоето распнување на крст, Господи ги зеде Твоите ученици на гора висока и пред нив се преобрази, озарувајќи ги со светлината на Твојата сила, со Твојата власт и човекољубие, сакајќи да им ја покажеш светлината на Воскресението. За него удостој нѐ и нас Боже, како милостив и Човекољубец

    Стихира на Господи повикав

 

Како што пее денес светата Црква, светлиот ден на Христовото Преображение е ден на просвештение и обожение на човечката природа. Во тој ден Богочовекот Христос со Својата семоќна спасителна сила ја преобрази поцрнетата од грев човечка природа и откако ја просветли ја обожи. На Својот Богочовечки пат во светот, некаде на половината помеѓу светото Крштение и Воскресение, Господ Исус Христос според спасителната Своја промисла, помина низ чудесно славно Преображение пред очите на зачудените апостоли  и со тоа на секоја душа му го покажа таинствениот пат на духовното восовршување и издигнување, што води до вратите на Царството. Тогаш Он на Тавор, блескајќи со сјајот на нетварната светлина на Своето преславно божество, претходно со телесна покривка сокриено од човечките очи, благодатно го просвети светот. Им ја покажа на апостолите убавината на Својата слава, за да знаат сите, а и сета вселена, чие подобие е човекот и кон Кого се приближува кога духовно се возвишува. Оти по мерата на нашето очистување од гревот и приближување кон Бога, ние стануваме благодатен сад во кој сѐ повеќе се одразува славата Божја. Такви се преподобните и светите, во кои, како во огледало, се одразува светлината Христова, блескајќи наоколу со сјајот на Преображението. Во нив ние го гледаме настапувањето на вечното Царство и воскресението на сите луѓе, кога праведните ќе блеснат како сонце во Царството на Отецот, како што ни посведочи и самата благоглаголива Уста Христова.

Обземени од копнеж за Бога и привлечени од Неговата љубов, браќата и сестрите на нашите свети обители се собраа во кнежинското светилиште на Победоносецот Георгиј за таму, откако претходно со пост и духовно очистување ги подготвија своите души, мисловно да се искачат на Таворската гора и заедно со апостолите да се просветат со сјајот на Божествената светлина. Светиот Победоносец, како добар домаќин, ги прими во својот дом и тука им ја понуди најраскошната духовна трпеза, хранејќи ги со благодатта која доаѓаше од умилно отпеаните преображенски стихири и напојувајќи ги со солзи на радост поради своето ново чедо, кое на таа вечерна богослужба го причисли кон монашкиот собор на нашата Света Црква.

Навистина голема беше радоста на големото мноштво присутни верни што возобновената Кнежинска Обител веќе ја доби својата прва монахиња. Стоејќи трепетно пред својот надлежен архиереј, Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, и благодатно утврдена со молитвите на својот Старец, Архимандрит Партениј, христољубивата наша сестра Драгица смирено ги положи монашките завети и радосно го прими името на премудроста Божја, Софија, како и онаа света и славна маченичка Христова Софија со своите три ќерки: Вера, Надеж и Љубов. И додека нејзината уста ги изговараше древните зборови на монашкото заветување, со срцето и душата таа целосно се предаваше на Бога, посведочувајќи Му ја својата љубов и верност, запечатена со солзи на искрено умиление. Во таа молитвена атмосфера особено моќно зазвучи соборното „Господи помилуј“, со кое присутните монаси и верни бараа од Бога да ја прими во Својата љубов новата монашка рожба и да ја утврдува и просветлува во нејзиниот монашки подвиг, на патот на преображението на нејзината душа, сѐ додека не ја достигне мерата на полната возраст на Христовото совршенство (Ефес. 4,13).

Давајќи ѝ го својот пастирски благослов, Митрополитот Тимотеј се обрати кон новопотстрижената сестра Софија со вдахновени поуки, советувајќи ја да постави добар почеток на својот нов монашки живот преку секојдневно послушание и отсекување на својата волја, преку постојана молитва и трпение во искушенијата, особено преку подвигот на пожртвувана љубов кон Бога и ближните:

Во името на Отецот и Синот и Св. Дух.

Драги браќа и сестри,

Денеска, во очи на големиот Господов празник Преображение, во овој свет манастир, посветен на светиот великомаченик Георгиј, извршивме историски чин. Речиси три века, монашкиот живот, во ова наше светилиште, бил замрен. Како што секој дом го личи со домаќин, така, и манастирите се лични и вистински кога во нив има монашки лица.

Монахот е Христов војник. Војник кој е подготвен на послушание и на молитва. Преку молитвата се издигнуваме на духовен план, следејќи го повикот на нашиот Спасител Господ Исус Христос: „Бидете совршени, како што е совршен вашиот Отец небесен“ (Мт. 5, 48). Кон тоа совршенство треба да се стреми секој христијанин. Особено, пак, монасите се повикани кон оваа цел. Тие се откажуваат од многу нешта коишто обичниот човек го окупираат и му попречуваат сецело да се посвети кон зададената цел. Но, таа цел не се постигнува лесно и едноставно. Не е доволно да се облече црна риза, туку, потребно е трпение, молитва и послушност. Сето тоа може да се постигне, кога монахот ќе ги презре овоземните потрепштини и ќе го насочи својот ум, волја и мисла кон исполнување на монашките завети.

Колку повеќе човекот се насочува кон молитва и кон подвизи, толку и непријателот повеќе го напаѓа со разни сплетки. Целта на нечестивиот е да го оттргне од поставената задача, односно цел. Молитвата е најсилното средство со кое може да се победи злото и да се измоли благодат Божја за да се победат сите искушенија кои животот неминовно ги носи. Преку молитвата да го победат злото, за прослава на името Божјо и за просперитет на нашата света Црква. За углед и достоинство на оваа наша светиња, а најважно, за спасение на душата на оној што се подвизува.

По молитвите на Св. Вмч. Георгиј, Бог нека ви даде сила, во вашиот монашки живот достоинствено и афирмативно да го носите ангелскиот лик, сега и во сета вечност. Амин!“

Неземниот сјај на Таворската светлина ја пронижуваше со своите зраци и празничната света Литургија што следното утро ја отслужи бигорскиот Старец, Архимандрит Партениј, со членови од своето братство и сестринство. Таа светлина ги преобразуваше душите на сите верни во преполнетиот кнежински храм, подготвувајќи ги за соединување со својот Творец и Господ преку примањето на светите Тајни, и преку благодатното осенување од Светиот Дух.

Господи премилостив, Кој денес се Преобрази на гората Таворска, изгори ги со Твојот невештествен оган гревовите и слабостите на душите наши, та да можеме секогаш, озарени со познанието на нетварната и секадеприсутна светлина, да ја созерцаваме Твојата Божествена слава, во која пребиваш заедно со Твојот Предвечен Отец и Животворниот Дух и секогаш и во сите векови. Амин!

 

 

 

 

 

 

Повеќе:

http://bigorski.org.mk/vesti/bogosluzhbi/2017-preobrazhenie/

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Беседи

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Како што постојат места на земјата на кои успева само еден вид растение и нема такви други места на кои истото растение би растело, така и во Црквата Христова постои...

 Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Незамисливо е да се биде христијанин без подвиг и крст. Оној што води лесен живот не може да се нарече христијанин. Некои луѓе отсекогаш верувале дека христијанин е оној кој...

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Тоа бил празникот на христијанското царство, кое се родило под закрилата на Крстот, во денот кога царот Константин го видел Крстот над кој пишувало:: „Со ова ќе победиш…” Тоа е...

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Во Ветената земја - Палестина, дадена на израилскиот народ од Бога, во планините на Галилеја се наоѓа градот Назарет. Во тоа време тој бил толку непознат и малку важен, што...

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Самиот тој, со својот начин на живот, е олицетворение на покајанието. И нормално, не би ни можел да биде повикан од Бог да проповеда покајание ако целата негова сила не...

БОГОРОДИЦА

БОГОРОДИЦА

„Испитувајќи што му е најпотребно на молитвеникот за да беседи со Бог, по кој пат доаѓа молитвата, Богородица го пронаоѓа свештеното тихување..., оддалеченост од светот, заборав на сè земно и...

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

И колку славно било Нејзиното успение! Со каква светлина сјаело Нејзиното пречисто лице. Колку прекрасно, неописливо, неспоресливо благоухание извирало од нејзиното пречисто, приснодевствено тело, како што пишува св. Дионисиј Ареопагит,...

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Многу е важно правилно да разбереме и да ги запомниме зборовите на тропарот на великиот празник на Успението на Пресвета Богородица: „... По Успението не си го оставила светот, Богородице...’’.Нејзината...

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

А и зошто Господ, пред почетокот на Преображението ги избира најглавните од апостолскиот лик и ги возведува со Себе на гората? Секако, за да им покаже нешто големо и таинствено....

« »

Православен календар (2)

 

22/12/2024 - недела

Божикен пост (на риба)

Зачнувањето на Света Ана; Св. Ана, мајката на Пророкот Самуил; Преп. Стефан Новосјаен; Св. Софрониј, архиепископ Кипарски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Велики сте вие Мино и Ермогене,кои лично Христово присуство вовашите страдања измоливте.Благодатта преку вас не само Евграфа туку и целото...

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Се зарадува душата твоја во Господа,а таа радост по твоите молитви Христос ја пренесе на верните свои,о Ано смирена слугинко...

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная