Старец Пајсиј- „Мораме да имаме добри помисли
Речиси сите ние ги сметаме своите помисли за едноставни и природни и затоа спонтано се потпираме на нив. Напротив, не би требало да имаме доверба во нив, ниту да ги прифаќаме. Во својот ум или срце не би требало да имаме дури ниедна помисла, ниту добра, ниту лоша, бидејќи тоа место во нас и припаѓа на Божествената благодат. Наша обврска е да го зачуваме чисто, не само од помисли, туку и од најблагото и најнедофатливото колебање на духот.