Неразделната врска помеѓу духот, душата и телото
Со напреднатиот распад на формата и содржината на животот, што е плод на технолошката и обездуховена цивилизација од втората половина на нашиот век, кога заедно со сензационалните успеси на модерната наука, сепак најмногу страдаше и сѐ уште страда болниот човек (пред сѐ заради збрканиот однос на лекарот спрема пациентот), сѐ повеќе се чувствува потребата – од почеток како стремеж, а денес како императив – да се востанови и обнови првобитното единствено набљудување на болниот во неговото телесно, душевно и духовно единство.
Добрите лекари, како и добрите духовници во Христијанската црква, се исто така и психотерапевти, бидејќи ја забележуваат неразделната врска помеѓу духот, душата и телото, а забележуваат исто така дека ефикасен третман кај болниот може да се спроведе само преку паралелни или истовремени дејствија, како врз телесните така и врз неговите психички функции, комбинирајќи ги вешто медикаментите со психотерапевтски зборови или техники.
Иако во годините што следуваа, овој унифициран третман донекаде беше нарушен, па дури и уништен (поради доминацијата на дуалистичкото над монистичкото гледиште на човечката природа), експерименталното и спекулативно проучување на телото и психата во наше време, за среќа, одново нѐ враќа назад кон поранешното целосно и хармонично набљудување на човечкото битие.
Современите достигнувања, и особено оние во психосоматската медицина, даваат надеж дека лекувањето на болниот човек во иднина ќе биде многу поефикасно и поуспешно, главно благодарение на подоброто познавање на односот помеѓу телото, душата и духот, како и поради меѓусебното запознавање и соработка на психотерапевтите и духовните лица, одговорни за исповедање на верниците.
д-р Владета Јеротиќ
https://www.tiveriopol.mk/nerazdelnata-vrska-pomegu.../
пп