РПЦ ја призна автокефалноста на МПЦ – ОА (25.08.2022 20:12)
Синодот утврди да се заблагодари на Господа Бога за оствареното врз канонските начела разрешување на прашањето на статусот на Православната црква во Северна Македонија и да ја признае Македонската православна црква – Охридска архиепископија како автокефална Црква-сестра, впишувајќи го името на нејзиниот Претстојател, Блаженејшиот Архиепископ Охридски и Македонски Стефан во свештените диптиси.