Слово на Неговото Блаженство, Архиепископот охридски и македонски, г. г. Стефан
Соожа прот во Бигорски се опожари една од најголемите, една од највелелепните наши духовни и материјални градби. Се опожари најмајсторската мајсторија на неповторливите дебарски мајстори, изгоре дел од нашата неимарска гордост, изгоре Горни Палат со сите накитени убавини: изгореа трпезариите и гостоприемните одаи, изгоре манастирската библиотека, изгореа монашките келии, изгореа со векови создадените дела на игумените...