логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 

Слово на Неговото Високопреподобие, Архимандритот Партениј

изговорено на чинот на осветувањето на конаците Горни и Источен Палат во Бигорскиот манастир (13/26 април 2015 л. Г.)

Ваше Блаженство, Архиепископ охридски и македонски г. г. Стефан,

Достојнопочитуван Претседателе на Република Македонија, г. Ѓорѓе Иванов,

Достојнопочитуван Претседателе на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски,

Ваши Високопреосвештенства,

Почитувани министри на Владата на Република Македонија,

Ваши Екселенции,

Сечесни отци, монаси и монахињи,

Возљубени браќа и сестри во Христа воскреснатиот,

Нашите срца се преисполнети со свештена благодарност кон преблагиот Бог, што, еве, денес, нѐ удостои да стоиме со неискажлива радост пред овој автентично возобновен конак - украс на македонската мијачка неимарска традиција, и да се восхитуваме на неговата велелепна строителска складност, што толку вешто се слева со природните убавини на овој живописен предел.

Но, обземен од духовно созерцание, сега би сакал повеќе да зборувам за причината отколку за самата творба. Имено, пред моите очи сега блеска со полн сјај едно друго, неспоредливо повеличествено, нематеријално здание, дело на големиот Неимар, премудриот Творец на сета твар - а тоа е живата Божја Црква, духовната вечна градба која за темел Го има Самиот наш Спасител Христос. На неа веќе 20 години се надоградува нашето смирено монашко братство, кое секојдневно ги полага тулите на добриот евангелски подвиг и послушанието, сврзувајќи ги со малтерот на соборното единство, што, пак, сите нас меѓусебно нѐ сплотува во едната заедница на љубовта, подобно на љубовта на троичната Заедница во Единиот Бог. Впрочем, живата Црква е таа која ги гради манастирите и храмовите и која од нив прави духовни садници за раѓање на нови христијани, која дава смисла и улога и на тварните зданија, правејќи ги не неми сведоци за нечиј труд или, пак, нечија непристапна сопственост, туку гласни труби на проповедта, ставени во својата вистинска функција. Секој нов воцрковен член, духовно поразен од Христовата љубов, се вградува во таа духовна тврдина, правејќи ја уште посилна и поцврста во единството, подготвена да ги издржи и најголемите искушенија, бидејќи евхаристиски е собрана околу Телото Христово.

Едно големо искушение, најнапред за нашето братство, а потоа и за верниот народ, беше пожарот од 2009 година, што во еден миг го голтна материјалното, привременото, пропадливото. Но токму во тие моменти на тварно и нетварно црнило, Господ ја покажа Својата милост, и со Својот секогаш праведен, добар и љубовен суд, ни ја даде и покажа вистинската и единствената утеха што вистински може да утеши, која ја поразува секоја човечка логика. Тогаш засветли во полнота она невештественото, вечното, нетленото, нашето вистинско богатство - духовната градба. Во тие мигови, вистинската утеха беше да се гледа како реки од народ пристигнуваат во манастирот: оние тука воцрковените; и оние кои ранети и отфрлени од овој свет, во Бигорски Го најдоа милостивиот Самарјанин; и оние кои се бореа против Бога, а тука Го прегрнаа; и оние заблудените кои најпосле го најдоа патот до апсолутната Вистина; и оние чиишто животи беа духовно преродени во ова светилиште; и сите оние кои со своите души Го сретнаа Христа вечно Живиот - секој со искрена желба некако да возврати и помогне, колку што може, за она што настрада во пожарот повторно да се обнови. И, секако, она што ќе остане непобитен сведок за времето и историјата, за тоа дека доброто срце не познава определеност, граници и меѓи - фактот дека на помош, нам монасите и на ова светилиште на македонската духовност и култура, пристапија и многумина од нашите браќа по крв, Македонци со мухамеданско верување, како и Албанци од Дебар.

Во овие мигови, исто така, особено би сакале да ја истакнеме и довербата и грижата на нашиот владика, митрополитот Тимотеј, милоста на некои архиереи на нашата света Црква,  пожртвуваноста на верниците од земјата и дијаспората, на Владата на Република Македонија, на пријателите, кои тогаш сострадално ни излегоа во пресрет, станувајќи сотрудници во Божјото дело за воскреснување на нашето вековно светилиште, со што беше докажано дека овде, во Бигорски, материјалниот сјај е плод и одраз на духовното градење.

Уште еднаш ќе потенцираме, дека нашите срца неизмерно горат и ќе горат со најтопла благодарност кон сите оние кои на секаков можен начин се вградија во духовното и материјално воскресение на Претечевиот дом. Но, пред сѐ, Му благодариме неизмерно на Бога што ги обдари срцата на сите тие добронамерници со голем благослов и духовни плодови, овозможувајќи му на секој оној кој ја гради светињата, всушност, да се гради себеси како храм, во кој доаѓа и се вселува живиот Бог. А не помалку се радуваме и на фактот што во овие тешки времиња, во оваа доба на глобална апостазија, нашиот народ докажа дека се грижи за своите светињи, ги чува и гради, оти кога народот ги чува и гради своите светилишта, тие го чуваат и градат него.

Бигорскиот манастир е принос на нашиот народ за Бога, сведоштво за неговата пламена вера, ламбада која гори пред Престолот Божји за нашата многустрадална Татковина. Вековите сведочат дека секогаш кога Бигорското светилиште доживувало воскресение, тоа истовремено значело и духовно, интелектуално и морално издигнување на нашиот народ. Па затоа, со надеж го упатуваме својот поглед кон Бога, искрено посакувајќи и ова воскресение на Бигорски да пренесе блага порака до целиот наш народ, па да престанат раздорите и меѓусебните осудувања, нашите срца да родат покајание, а нашите умови духовно преумување, та сите ние да се сообразиме со Воскресението и воскресната радост. Можеби токму и затоа Божјата промисла го одбра овој пасхален период за серадосниот чин на осветувањето.

Нека милостивиот Бог го сочува ова големо светилиште до крајот на вековите, а овој наш скромен труд - пожртвуваноста на верниот народ и искушенијата што сите ние ги претрпевме за време на изградбата, да ги прими за прошка на нашите гревови и за нови духовни сили и благоуспевање. Амин.

Христос воскресе!



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Беседи

Божествена Литургија со монашење во манастирот „Пресвета Богородица Елеуса“ во Велјуса.

Божествена Литургија со монашење во манастирот „Пресвета Богородица Елеуса“ во Велјуса.

Во деновиве во кои, согласно светите Канони, се причестуваме секој ден, сакам да ве потсетам на една димензија од оваа Света Тајна која како да е малку подзаборавена. Сите знаеме...

БEСEДА за ужасoт на прирoдата при смртта на Гoспoда

БEСEДА за ужасoт на прирoдата при смртта на Гoспoда

И зeмјата сe затрeсe и карпи паднаа (Мт. 27:51). O какoв страшeн укoр на луѓeтo! И мртвата прирoда Гo пoзнала Oнoј Кoгo луѓeтo нe мoжeлe да Гo пoзнаат. Сeта нeма...

 Митрополит Струмички Наум : Потешко ни беше да бегаме

Митрополит Струмички Наум : Потешко ни беше да бегаме

Некаде, некој има убаво кажано дека колку повеќе се доближуваме до Голгота, следејќи Го верно Христос, толку помалку луѓе (духовни чеда, пријатели) гледаме околу нас. Но, ништо чудно. Знаеме и...

Св. Јован Златоуст -  За Лазар, Слово 6

Св. Јован Златоуст - За Лазар, Слово 6

Уште колку пари? Уште колку богатство? Уште колку великолепни зданија? Уште колку бездушна приврзаност спрема задоволствата? Еве се случи земјотрес; каква полза ни донесе богатството? Нечиј труд пропадна, изсчезна имотот...

„Лазаре, излези надвор“

„Лазаре, излези надвор“

Тие Негови зборови, пред сè, значат дека нема смрт за оние кои веруваат во Христа, зашто Христос подоцна на Марта ѝ вели: „Јас сум воскресението и животот; кој верува во...

презвитер Горан Стојчевски: ЛИТУРГИЈАТА – ДВИЖЕЧКАТА СИЛА НА СВЕТОТ

презвитер Горан Стојчевски: ЛИТУРГИЈАТА – ДВИЖЕЧКАТА СИЛА НА СВЕТОТ

„Благодарење. Тајна што не требаше да остане толку тајна. Непроценлив дар, незаслужен. Дело Христово во кое постојано се учествува иако само еднаш се случи. Соборно сведоштво во личен подвиг подготвено....

БEСEДА  за пoмирувањeтo на лoшитe заради злoтo

БEСEДА за пoмирувањeтo на лoшитe заради злoтo

И дeнeс мeѓусeбнитe прoтивници сe пoмируваат кoга трeба да сe нападнe и да сe oсуди Гoспoд. Има мнoгу кoи сe кoлат пoмeѓу сeбe дoдeка нe им гo спoмнeтe имeтo Гoспoдoвo....

БEСEДА  за наслeдникoт и за рoбoт

БEСEДА за наслeдникoт и за рoбoт

Зoштo дoјдe Христoс на Зeмјата, браќа? Да нè направи пoдoбри oд рoбoвитe, да ни дадe правo какo синoви и дoлжнoст какo гoспoдари. Правo на синoвитe e сo имeтo Христoвo да...

БEСEДА за oбјавeнитe тајни

БEСEДА за oбјавeнитe тајни

Злoстoрник станува oнoј чoвeк кoј ќe пoвeрува дeка дeлата чoвeчки мoжат да сe скријат. Така мислeлe и eврeјскитe старeшини кoи вo тајнoст гo пoдгoтвуваа свoeтo злoстoрствo над Христа Гoспoда, тајнo...

« »

Православен календар

 

25/04/2025 - петок

 Источен петок – Балаклија; Преподобен Исаак Сирин II (Исаак Сирин I се празнува на 28 јануари); Свети Василиј Исповедник; Преподобен Акакиј; Преподобна Атанасија;

 

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на преподобниот отец епископ Паријски Василиј 25 април/12 април  2025

Тропар на преподобниот отец епископ Паријски Василиј 25 април/12 април 2025

Василие, преподобен оче наш,верата во Христа ти ја сочува,иако велијар во безумие кон тебе поита,стадото Христово по твоите молитви Господ...

Тропар на светиот Христов свештеномаченик Антип Пергамски  24 април/11 април  2025

Тропар на светиот Христов свештеномаченик Антип Пергамски 24 април/11 април 2025

Велик те направи Спасителот тебе Антипопомеѓу ѕвездите небесни,и возвишено стана името твое во Црквата,на која како семе одбрано и послужии...

Тропар на св. Христови мач.Терентиј, Африкан, Максим, Помпиј, Зинон, Александар, Теодор, и др.33 со нив 23 април/10 април  2025

Тропар на св. Христови мач.Терентиј, Африкан, Максим, Помпиј, Зинон, Александар, Теодор, и др.33 со нив 23 април/10 април 2025

Рахила плачеше по своите деца,о свети пустињаци од дванаесетте манастири,а ние денес се радуваме на вашите венци невенливи,ангел Господов свитата...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная