И МАНУ го поддржа Договорот за пријателство помеѓу Република Македонија и Република Бугарија
Бидејќи деновиве ставот на највисоката научна и образовна институција во државата, Македонската академија на науките и уметностите, со кој се искажува поддршка на Договорот за пријателство помеѓу Република Македонија и Република Бугарија, не беше доволно застапен во нашите медиуми, одлучивме да го објавиме и на нашата интернет страница. Соопштението од МАНУ го пренесуваме во целост: