Работна средба со Митрополитот г. Тимотеј околу илјадагодишнината на Бигорски
Во прилог на подготовките за прославата на големиот јубилеј – 1000 години од основањето на Свештениот Бигорскиот Манастир, нашиот старец и игумен, Архимандрит Партениј, со дел од братството и сестринството, оствари средба со нашиот почитуван и монахољубив надлежен владика, Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј. Во топла и срдечна атмосфера во митрополитското седиште во Охрид,