логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 3.angeli.so.truba

ПОЧИТУВАЊЕ НА ПРЕДАНИЕТО

Не познавајки ги догматите на својата вера,многу свети маченици велеле:Верувам онака како што утврдиле светите отци.Човекот кој така го исповедал Христа,го ставале на маки.Односно,тој не знаел на гонителите да им даде докази за својата вера и на тој начин да ги убеди,но затоа имал доверба во светите отци.Мислел:Како да не им верувам на светите отци?Тие биле поискусни од мене,ги стекнале добродетелите,биле свети.Покрај сето тоа,како можам да прифатам некоја бесмислица,како да поднесам некој да хули на светите отци?

Должност ни е да имаме доверба во преданието.Денес,за жал,продре европската„учтивост“ и сите сакаат да се покажат како добри.Сакаат да ја покажат својата „возвишена великодушност“,а накрај се поклонуваат на дворогиот ѓавол.

„Зошто не постои една религија“,велат,и се' трупаат во иста вреќа.Некои луѓе ми доаѓаат и ми велат:

-Ајде,сите кои веруваме во Христа,да основаме една религија.

Им одговорив:

-Тоа е исто како да им предлагате на исто место да ставиме злато од толку и толку карати и бакар што претходно веќе го одвоивме од златото.Зар е разумно повторно да се меша златото со ефтин метал?

Прашајте еден златар:„Смееме ли да ги измешаме отпадоците со златото?

Толку борби се водени за да засветат догматите.

Светите отци знаеле што прават.Не ги забраниле случајно врските со еретиците.А денес говорат:

„Ќе се молиме заедно не само со еретик,туку и со будист,со служител на огнот и со сатанист.

Затоа православните треба да присуствуваат на тие екуменистички молитвени собири и конференции.Па,тоа е само присуство“

КАКВО ПРИСУСТВО?

Тие луѓе сите проблеми ги решаваат со логиката и го оправдуваат она што не може да се оправда.Европскиот дух шири идеја дека и духовните теми можат да се појават на заеднички пазар.

Некои лекомислени православци,кои сакаат„да го претстават православието“и да развијат„мисионерска дејност“,свикуваат конференции со инославните,дигаат врева и мислат дека на тој начин-мешајки ги вистиноверноста и кривоверноста во еден заеднички кош,го претставуваат православието.После тоа се јавуваат хиперзилотите.Тие отидоа во друга крајност:хулат на светите тајни на новокалендарците и ги соблазнуваат побожните,православно чуствителните души.Инославните,од друга страна,доаѓаат на конференциите,од своите редови испраќаат учители,одбираат добар духовен материјал од православието,го преработуваат во своите духовни лаборатории,на него ставаат своја боја и етикета,па тоа го прикажуваат како нешто оригинално.а овој денешен чуден свет се воодушевува на некои вака необични работи,па после духовно пропаѓа.

ГОСПОД кога ќе затреба,повторно ќе создаде нови Марко Ефески и Григориј Палама кои ќе ги соберат сите наши браќа ранети од соблазните-за исповедување на верата,за утврдување на преданието и за голема радост на нашата Мајка Црквата.

Ако живееме доследно како светите отци,ќе стекнеме духовно здравје.На тоа ќе ни позавидат и инославните,па ќе ги остават своите болни прелести.Така,и без проповед ќе се спасат.

Сега не ги интересира нашето светоотечко предание;тие сакаат да видат да живееме онака како што живееле отците и дека навистина сме се сродиле со светителите.

Должност на секој православен верник е да го разбуди„добриот немир“ кај инославните за да сфатат дека се наоѓаат во прелест за да не ги успокојуваат лажно своите помисли,лишувајки се од богатите благослови на православието во овој живот,а во оној другиот-лишувајки се од уште поголемите,од вечните Божји благослови.

Во ќелијата ми доаѓаат некои римокатолички момчиња,кои имаат многу добро настроение,подготвени да се запознаат со православието.

-Сакаме да ни кажеш нешто што духовно ќе ни помогне-ми рекоа.

-Внимавајте:прочитајте ја црковната историја и ќе видите дека некогаш сме биле заедно и ќе видите каде се наоѓате денес.Тоа многу ќе ви помогне.Направете го тоа,па следниот пат ќе разговараме за многу нешта-им реков.

Во старите времиња нешто си почитувал затоа што тоа ти беше наследство од твоите дедовци и тоа го чуваше како најголемо богатство.

Познавав еден многу добар адвокат.Неговата куќа се одликуваше со едноставност што ги одмораше,не само него,туку и неговите гости.Во една прилика ми рече:

-Оче,пред неколку години пријателите ми се потсмеваа поради овој мој стар мебел.Сега доаѓаат и се воодушевуваат,гледајки на него како на антиквитет.Додека го користам,јас се радувам,бидејки ме потсетува на мојот татко,на мајка ми,на моите дедовци.Тие сеќавања ми ја загреваат душата.А моите пријатели собираат разни работи,салоните ги претвораат во антикварници за да се замајуваат со сите тие работи,за некако да ја заборават светската напнатост.

Некогаш еден мал дукат се чуваше како големо богатство,само затоа што е наследство од мајката или од дедото.

А денес,ако некој наследил од својот дедо,на пример,дукат од кралот Георги,кој вреди сто пари помалку од дукатот на кралицата Викторија,тој ќе отиде да го замени.Таквиот човек не ја почитува ни мајка си,ни татко си.Тој европски дух продира и полека сите нас не' повлекува со себе.

Се сеќавам,кога првпат дојдов на Света Гора,духовник на едно братство беше еден многу благочестив старец.Од побожност ги чуваше не само камилавките што ги наследил од своите „дедовци“,од претходниците,туку и дрвените калапи по кои биле изработувани тие камилавки.Имаше и стари книги и разни ракописи.Ги чуваше уредно наместени во една добро затворена полица за книги,за да не се прашат.Тие книги никогаш не ги користеше;ги чуваше заклучени.

-Не сум достоен да читам такви книги.Ќе ги читам овие простиве:Старечник,Лествица-велеше.

Меѓутоа,во братството дојде еден млад монах/кој подоцна ја напушти света Гора/и почна да го прекорува старецот:

-Што ја собираш таа старудија?

Ги зеде калапите,имајки намера да ги фрли во оган.

Кутриот старец низ солзи велеше:

-Тоа му припаѓаше на мојот духовен дедо,што ти пречи?

Имаме толку соби,ша стави ги во некој ќош.

Од побожност ги чуваше не само книгите,старите,вредни работи,камилавките,туку и дрвените калапи!Ако имаме почитување кон малото,кон големото ќе имаме големо почитување.Ако немаме почитување кон малите работи,нема да го имаме ниту кон големите.Така отците го сочувале преданието.

Со Болка и Љубов кон СОВРЕМЕНИОТ ЧОВЕК

Старец Пајсиј Светогорец

 

Избор од фб профил на

Слово Против Сектите

 

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3213
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7698
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

22/12/2024 - недела

Божикен пост (на риба)

Зачнувањето на Света Ана; Св. Ана, мајката на Пророкот Самуил; Преп. Стефан Новосјаен; Св. Софрониј, архиепископ Кипарски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Велики сте вие Мино и Ермогене,кои лично Христово присуство вовашите страдања измоливте.Благодатта преку вас не само Евграфа туку и целото...

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Се зарадува душата твоја во Господа,а таа радост по твоите молитви Христос ја пренесе на верните свои,о Ано смирена слугинко...

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная