Архимандрит Андреј Конанос: Тешко ни е да се довериме на Бога – II дел
Односно, ти проштевам, но од сега па натаму ќе треба да го правиш ова, и она, и она – и веднаш започнуваме со советите, забраните, епитимиите, строгостите, така што на крај другиот зачудено прашува: „А што беше таа благост, добрина и насмевка кои ми ги покажуваше на почетокот? Тие убави фрази – ела кај нас за да почувствуваш нешто убаво? Каде е тоа убавото?“ Ние сме во Црквата и многу пати сме налик на оној поголемиот син од параболата, кој што бил добриот син, но немал никаква врска со татко си,