АВВА ДОРОТЕЈ ОД ГАЗА: ИЗРЕКИ И ПОУКИ (2)
Повторувам дека целта на Христос, нашиот Владика, е да нè научи зошто сме паднале во сите наши гревови; односно како сме паднале во зло. На почеток, Тој нè ослободува преку светото Крштевање, како што реков, проштевајќи ни ги гревовите и дарувајќи ни власт, ако сакаме, да правиме добро, и повеќе да не бидеме присилно влечени на зло.