Митрополит Атанасиј Лимасолски: Трагедијата на современиот човек (втор дел)
Нашата цел е Царството Божјо. Затоа треба да најдеш сила да ѝ простиш на својата жена ако погрешила, да ја прифатиш и поткрепиш, дури и ако паднала. Тука те сакам, но дали си вистински јунак и капетан, ќе се покаже во бурата. Лесно е да колеш и бесиш. Коли и беси – што е полесно од тоа? Но, во бурата ќе се види каков си, дали во тој час можеш да бидеш силен и да го поткрепиш другиот човек. Ова е толку чувствителен момент.