9ти февруари 2020 г.-Ново Село
Манастир „Свети великомаченик Георгиј и преподобен Антониј Велики“
На 9ти февруари 2020 година, во Неделата на митарот и фарисејот, кога Македонската православна црква- Охридска архиепископија го празнува споменот на Пренос на моштите на Свети Јован Златоуст, во манастирот „Свети великомаченик Георгиј и преподобен Антониј Велики“, во Ново Село, викарниот Епископ г. Јаков Стобиски отслужи Божествена Литургија. Верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.Во текот на Литургијата Епископот произнесе празнична беседа.
Кога бараме да се оправдаме во овој живот и го избегнуваме прекорот, тоа покажува дека уште световното размислување е живо во нас и тагата што се јавува во нас воопшто не содржи покајание, туку човекоугодништво, така што ја труе душата и телото со горчината што од неа прокапува. Кој плаче усрдно затоа што Го повредил Христа со своите гревови, веднаш добива Божествена утеха, согласно големината на својата тага.- Старец Паисиј Светогорец
За Преминпортал: Даниел Младеновски Голубарац