Свети Серафим Саровски: Молитвата, постот, бдението и сите останати христијански добродетели (17.07.2015)
Вистинската цел на нашиот христијански живот се состои во здобивањето на Светиот Дух Божји.Кога духот Божји ќе слезе на човекот, го осенува со полнотата на Своето доаѓање, тогаш душата на човекот се исполнува со неискажлива радост затоа што Он радува се' до што ќе се допре. Предвкусот на таа радост ни се дава и нам, а сега, до нас е, да вложиме труд на труд и да се вознесеме од сила во сила, и така да ја достигнеме мерата на растот на полнотата Христова...