Овогодинешното прославување на денот на светиот Климент Охридски започна со Вечерна богослужба во црквата посветена на Светото Вознесение во с. Драчево. На богослужението чиноначалствуваше Митрополитот Брегалнички г. Иларион , а во присуство на Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, Митрополитот Преспанско-пелагониски и администратор Австралиско-новозеландски г. Петар, Митрополитот Повардарски г. Агатангел, и Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф. Чествувањето продолжи со свечена академија во средното богословско училиште „Св. Климент Охридски“, каде свечено слово одржа професорот м-р Момчило Павловиќ. Потоа богословскиот хор, диригиран од професорот Игор Величковски одржа мини концерт, и беа доделени наградите за најдобри научни трудови и поетски творби на богословите.
Извор. Скопска епархија