СОВЕТИ ЗА ОНИЕ , КОИ СЕ ПОДГОТВУВААТ ЗА ИСПОВЕД
Покајанието е прв степен кон осветувањето.
Најпрво, оној кој се подготвува за исповед треба да го испита своето срце. За тоа е потребно човекот да се подготвува неколку дена – да пости, да чита духовна литература, поинтензивно да се моли, да чита совети и поуки за светата Тајна Покајание, да се потсети на своите гревови и да ги запише.