Се упокои игуменот на Атонскиот манастир Св. Пантелејмон
Во овој наш суетен век, подвигот на служење на о. Еремиј е еден редок, но светол пример на духовното старчество, наследено преку духовното преемство од Св. Новомаченици, исповедници на верата и старци на минатиот век, од кои баќушката го прими живиот опит и традицијата на атонското подвижништво и внатрешното делување.