логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

Тетовскко гостиварскиот митрополит Јосиф, во интервју за Прес24, оценува дека отпорот што се јавува кај граѓаните кога станува збор за апелите на црквата за црковно, наместо паганско празнување на некои од празниците е резултат на отуѓеноста од Бога и од духовниот начин на живеење, што во некоја смисла значи и недоволно познавање на својата вера.

-Второ, има голема одговорност за ова и кај нас, во црковниот клир, во нашиот начин на носење на одговорноста и задачата. А нешто доаѓа од и нашиот карактер како народ – тешко прифаќаме авторитети, тешко се прилагодуваме, се навикнуваме на поедноставни работи, каде што не треба да се прави подвиг, вели Отец Јосиф за Прес24.

Тој потсетува дека празниците се црковни, а неродни обичаи и затоа тие мора да се слават во согласност со учењето на црквата.

-Сметање на религијата за некакво помодарство или, пак, за фолклорно наследство. И тука се завршува – со формалноста, нема никакво пренесување на вистинските вредности од религијата и во својот живот и на своите предци, нема доволно познавање на нејзиното учење, нема живеење на истата. Затоа на нашата Црква и претсои подвигот за вистинско воцрковување на народот, вели г. Јосиф за Прес24.

Тој во интервјуто зборува и за развојот на тетовско-гостиварската епрхија, како и за функционирањето на верскиот соживот во овој регион, за кој вели дека функционира согласно традицијата на меѓусебна почит, без никакви проблеми.Отец Јосиф во интервјуто за Прес24, одговара и на прашања поврзани со обвинувањето за живото на висока нога на црковниот клир и свештенствто.

ПРЕС24: Последниот апел на МПЦ да се напушти практиката во предвечерието на Бадник да се палат огнови, на кои се точи и пие ракија, вино и се тераат некакви народни веселби, не наиде на голем позитивен одек од верниците, но затоа се појавија многу критичари на идејата, тврдејќи дека се уништува некаква традиција?

Г. ЈОСИФ: Тоа беше пред сè иницијатива на Скопската православна епархија, со која раководи Неговото блаженство, бидејќи на нејзината територија е најмногу застапена оваа појава. Инаку, самата „традиција“, со целата своја содржина, не е христијанска, иако се прави во контекст на христијанскиот празник – Рождество Христово. Има премногу елементи кои не се во согласност со црковното предание, но и суштината на самиот празник: алкохол, изобилство на храна, која не секогаш е посна, световна музика – што е сосема спротивно на посниот период којшто сè уште трае и кој претставува начин за телесна и духовна подготовка за Божик; самиот чин и самата атмосфера придонесуваат кон дразнење на човекот, но и предизвикуваат за мотивирање на страстите и паѓање во искушенија; најважното – никаде го нема храмот и богослужението. И, бадниковите огнови не можат да се наречат традиција затоа што немаат никаква основа за своето постоење во учењето и преданието на Црквата, дури по својот карактер и се спротивни, а второ тоа е толку нова појава која постои од пред 20 години.

 ПРЕС24: Дали Божик, Бадник... се црковни или народни празници?

Г. ЈОСИФ: Секако дека се црковни празници. Народните празници се поврзани со одбележување на историски настани. И тука разликата е јасна. Историјата на нашиот народ е таква, што често се испреплетени државните и црковните празници – како Илинден и сл. Но ова не е случај со Божик и Бадник. Црковните празници се празнуваат во рамките на православната заедници, која се остварува на едно место – во храмот и на богослужението. Таму сите стануваме едно, принесувајќи се како едно.   

ПРЕС24: Има ли капацитет МПЦ да им објасни на своите верници како и зошто се празнуваат празниците?

Г. ЈОСИФ: Тоа е процес и во историјата на Православието имало многу случаи кога Црквата се борела со некои појави коишто се обидувале да се интегрираат, а биле или оставнина од паганското верување, или пак од други религии и верувања или се некои новокомпонирани нарави. Црквата ништо не прави на сила. Таа својата проповед ја шири со љубов и смирение. Ако погледнете и до ден денес сè уште се објавува и шири спасоносното евангелско слово. Отуѓеноста на луѓето од Црквата и активното живеење на верата, немањето соодветна и постојана поука за верата во училиштата, ја создаде состојбата што ја имаме денес, кога и не се знае што, но и како да се празнува. А гордо се кажуваме дека сме православни.

ПРЕС24: Во негативните коментари не изостанаа критиките за живото на висока нога на црковниот клир... Особено делот што се однесуваше на донацијата на дрвата за сиромашните.. Во овој контекст критиките беа дека МПЦ не прави ништо за сиромашните преку целата година, зошто пак сега некој да ги донира дрвата за сиромашните?

Г. ЈОСИФ: Тоа се празни обвинувања и, за жал, доаѓаат од поединци и групи за кои Црквата е секогаш дежурен виновник за тежината на нивната лична совест. Тоа што некој таму не чул за социјалните активности на Црквата, не значи дека ги нема. Во овој повик не беше вклучена само социјалната мотивација, а со тоа и моралната – да им се помогне на тие што немаат, туку се алудираше и на поткренување на општествената одговорност во моменти кога сите ги трпиме последиците од загаденоста на воздухот. Па ако Црквата не нè мотивира и поучува на добродетелност – тогаш кој? И ова Црквата го прави постојано во своите проповеди. А за перцепцијата кон свештенството и наводниот живот на висока нога - тоа е повеќе негативна пропаганда на која некој слепо верува. Свештениците живеат нормално, секако не се загрозена категорија. И повеќе од достојно и професионално го зароботуваат својот приход. За тоа вложиле, се образувале. И како и секоја друга професија – работат, за да заработат, да живее нивното семејство, но од нивното работење живее и целата Црква со сите свои сегменти. Секој еден свештеник денес може и да служи Литургија, и да проповеда, потоа да исповеда и да ги слуша маките и страдањата на луѓето, во сето тоа да поучи, поткрепи и поттикне, потоа да отиде на погреб и да земе учество во тагата на роднините и пријателите, да крштева и венчава, учествувајќи во радоста на роднините и пријателите, да отиде дома и да ги прегрне своите, да се грижи за домот и семејството од секој аспект, а и самиот има потреби. Секое објаснување, ќе биде сфатено како оправдување, не е тоа целта. Но овие нешта што ги наметнав, нека бидат само поттик за пологичен и посмирен пристап кон давањето судови.      

 ПРЕС24: Оваа година за прв пат се спроведе една иницијатива за враќање на традиционалните бадникарски песни, со замена на оние невкусни песни што изминативе години децата ги пееја... Но, и ова не помина без отпор... Од тоа дека Вечниот Бог била грчка песна, па до тоа дека во ова се злоупотребуваат најмладите...

.Г. ЈОСИФ: Тогаш мислам дека е повеќе од јасно кому не одговара враќањето на вистинските традиции и давањето на вистинската смисла на верувањето. Секако дека се неприфатливи, дури и смешни ваквите обвинувања. Прво, песната е дел од византиското наследство, периодот кој во Православието е од огромно значење, зашто тогаш е создаден огромен дел од православната традиција, култура и уметност. Според ова националистичко размислување, МПЦ треба да се откаже на пример од многуте црковни богослужби и дела напишани од отци коишто се родиле, твореле и живееле на просторот којшто сега, според човечките ограничувања, е дел од грчката држава? Или, пак, треба да ги отфрлиме евангелистите кои своите Евангелија ги напишале на грчки јазик? Второ, неолибералните обвинувања од типот „злоупотреба на младите“ итн., веќе не поминуваат, зашто тука никој никого не злоупотребува, кога е со согласност, во случајот и на децата и на нивните родители. И каде се сличните коментари кога децата се тераат, на пример, како задолжителна активност во државниот училишен систем да се облечат во костими и маски за денови кои никогаш не биле нашата народна традиција – на 1. април, за денот на вештерките итн.

ПРЕС24: Во што е според вас причината за ваквиот отпор кој се јавува кај дел од граѓаните?

Г. ЈОСИФ: Причини се повеќе и некако се поврзани. Отуѓеноста од Бога и од духовниот начин на живеење, што во некоја смисла значи и недоволно познавање на својата вера. Второ, има голема одговорност за ова и кај нас, во црковниот клир, во нашиот начин на носење на одговорноста и задачата. А нешто доаѓа од и нашиот карактер како народ – тешко прифаќаме авторитети, тешко се прилагодуваме, се навикнуваме на поедноставни работи, каде што не треба да се прави подвиг.

ПРЕС24: Неодамна излезе едно истражување за перцепцијата на граѓаните за религиите во Македонија. Според него во 97 проценти населението во Македонија се декларира како припадници на една или друга религија. Од нив 75 % се православни Христијани. Но тоа истражување покажува едни парадокси... на пример деклариран православне Христијанин, вели дека не верува во постоење на Бог.. Како е тоа можно?

Г. ЈОСИФ: Тоа е она за кое говорев и претходно – сметање на религијата за некакво помодарство или, пак, за фолклорно наследство. И тука се завршува – со формалноста, нема никакво пренесување на вистинските вредности од религијата и во својот живот и на своите предци, нема доволно познавање на нејзиното учење, нема живеење на истата. Затоа на нашата Црква и претсои подвигот за вистинско воцрковување на народот.  

ПРЕС24: Вие сте веќе неколку години Архиереј на новата Тетовско-гостиварска епархија, како го оценувате досегашниот развој на црковниот живот на епархијата?

Г. ЈОСИФ: Епархијата проилезе од поранешната Полошко-кумановска епархија и во некоја смисла овде имаше воспоставен црковен живот. Секако, соглансо промените што настанаа од поделбата, веднаш мораше да се реагира и да се воспостават потребните тела за да може и да се отпочне со работа и дејност. Во овој период најмногу сме насочени кон завршување на неколкуте градежни проекти – како конакот при манастирот „Свети Наум“ на Попова Шапка и храмот во н. Циглана во Гостивар. Паралелно со тоа се трудиме и за мисионерската дејност, преку организација на часови по веронаука за повозрасните во храмовите, преку редовните богослуженија и издавачката дејност.

ПРЕС24: Доаѓате од редот на монасите во Македонија, има ли планови епархијата за развој на монаштвото во поголем обем и во овој крај на државата?

Г. ЈОСИФ: Уште во некои минати интервјуа кажав дека монаштвото не е едноставен производствен процес на создавање. Бара многу трпение за неговото создавање, а на крајот сè ќе биде Божја волја и Бог ќе промисли според нашите дела. Монахот треба самиот слободоволно да го прифати, да го возљуби таквиот начин на живот. Човек не може да биде натеран да стане монах или, пак, да му биде понудено. Монаштвото е жртва, откажување, лишување и бегање од светот. Затоа треба да се биде претпазлив, за да не се направат грешки и да не се создаваат монаси и братства и сестринства со луѓе кои нема да го сакаат таквиот подвиг, а кој во монаштвото нашле или некакво прибежиште од својата нереализираност во светот или, пак, бараат добра основа за кариеризам во структурата на Црквата.

ПРЕС24: Како го оценувате верскиот соживот во Вашата епархија?

Г. ЈОСИФ: Верскиот соживот е традиционална вредност на народите што живеат во овој дел од Македонија. Лично сме задоволни од соработката со другите верски заедници. Сега засега немало ниту некакви несогласувања или, пак, проблеми меѓу верниците на различните заедници. Тоа се должи на длабоката традиција на почитување на различноста и на другиот. Видете, луѓето научиле да живеат заедно, да живеат со секојдневието, кое ниту е полесно ниту е потешко од оној што во некоја смисла е поинаков. Сè додека не дозволуваме мешање и не им оставаме простор на тие што сакаат да направат проблем,, ќе биде во ред.

Превземено од : http://press24.mk/otec-josif-verata-i-religijata-ne-se-folklorno-nasledstvo



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3212
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7697
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

22/12/2024 - недела

Божикен пост (на риба)

Зачнувањето на Света Ана; Св. Ана, мајката на Пророкот Самуил; Преп. Стефан Новосјаен; Св. Софрониј, архиепископ Кипарски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Исповедниче на вистината, сведоку на благодатта, проповедниче на слободата, Парамоне свети мачениче, трубо Божја за сведоштво,оправдание на твоите триста и седумдесет

Тропар на светите петнаесет Тивериополски свештеномаченици 28 ноември / 11 декември 2024

Тропар на светите петнаесет Тивериополски свештеномаченици 28 ноември / 11 декември 2024

Голема пофалба и крепост има градот Тивериски,ерарсите, свештениците и левитите: зашто откако идолската прелест ја разобличија, победници над нечестивите се...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная