Илинденско послание (28.07.2019)
Црковното минато на нашиот богољубив народ наликува на иконостас, во кој секоја икона прикажува по една сцена од тешкиот, но благословен пат на врвење низ историјата. И речиси во многу од тие историски моменти, народниот живот е сличен со животот на овој наш сенароден патрон – на светиот пророк Илија.
Имено, со проповедта на светиот апостол Павле и по мисијата на сесловенските просветители, светите браќа Кирил и Методиј и нивните свети ученици Климент и Наум Охридски, евангелското слово се пренесе во срцата на нашите предци.