Свети Григориј Синаит - Глави за заповедите и догмите
Тамошните различни степени на состојбите Спасителот ги нарекол многу живеалишта. Царството е едно, но внатре, во себе, има многу разлики, според разликите меѓу оние што ќе влезат во него, според разликата на добродетелите и знаењето, според степенот на обожувањето. Зашто, како што вели апостолотː „Еден е болскотот на сонцето; друг е болскотот на месечината, инаков е, пак, на ѕвездите; па и ѕвезда од ѕвезда по болскотот се разликува“ (1. Кор. 15, 41), и покрај тоа што сите болскаат на божественото небо.