Не судете, за да не бидете судени.
Мт 7,1
Кога постите, не бидете жалосни како лицемерите; зашто тие си ги прават лицата мрачни, за да се покажат пред луѓето дека постат. Вистина ви велам, оти тие ја добиле веќе својата награда.
Мт 6,16
Така треба да свети пред луѓето и вашата светлина, за да ги видат вашите добри дела и да Го прослават вашиот Отец небесен.
Мт 5,16
И така, бидете милостиви како што е милостив вашиот Отец.
Лк 6,36
Бидете радосни во надежта; во маката бидете трпеливи, а во молитвата постојани.
Рим 12,12
Еден спрема друг бидете добри, сочувствителни, проштавајќи си еден на друг, како што и Бог ви прости во Христа.
Ефес 4,32
И кога стоите на молитва, проштевајте, ако имате нешто против некого, па и вашиот небесен Отец да ви ги прости вашите гревови.
Мк 11,25
Благословувајте ги оние што ве навредуваат!
Лк 6,28
Молете се постојано!
1Сол 5,17
Бидете будни и молете се, за да не паднете во искушение: духот е бодар, но телото е слабо.
Мт 26,41
А Исус му одговори и рече: „Напишано е дека не само со леб ќе живее човекот, туку и со секој збор Божји.”
Лк 4,4
Надевај се на Господа од сè срце и не се потпирај врз твојот разум.
Изрек.3,5
Извор: http://pravoslavie.mk.