Св. Григориј Палама – Непобедливиот поборник за Православието
Расправата меѓу св. Григориј и Варлаам започнала во оној момент кога двајцата биле повикани да се соочат со догматскиот проблем „Филиокве“. Варлаам сметал дека проблемот може да се реши по дијалектички пат, врз основа на библиски искази. Палама кон решавање на проблемот тргнувал од духовна страна, од вистинското христијанско искуство, помогнато од философијата и дијалектиката.