логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 

 Скопје, 13-ти септември, лето Господово 2016- храм на св. пророк Илија

 

 На 13-ти септември 2016 година, во дванаесеттата недела по Педесетница, кога Македонската православна црква- Охридска архиепископија  молитвено  го прослави Празник на појасот на Пресвета Богородица, во квечерината на денот, во храмот на св. пророк Илија,  во скопската населба Аеродром, старешината на храмот, протопрезвитер  Бранислав Стојанчов отслужи Акатист кон Пресвета Богородица,и принесувајќи молитви кон Бог за да ги заштити и спаси од елементарните непогоди жителите на  Скопје.  На крајот на Литургијата отецот произнесе беседа.

 

 

КОНДАК 1
Храбра наша Војвотко победоносна,
ние, слугите Твои од зло избавени,
песни пофални Ти воспеваме, Богородице.
Но Ти, Која крепост имаш непобедлива,
од секоја беда ослободи н¢, да повикуваме:
Радувај се, Невесто Неневестна!

ИКОС 1
Ангел претстател од небесата беше испратен
на Богородица да • рече‘Радувај се!’
И со глас бесплотен,
гледајќи Те како се воплотуваш, Господи,
во ужас стоеше воскликнувајќи •:
Радувај се,
низ Тебе радоста заблеска.
Радувај се,
низ Тебе клетвата исчезна.
Радувај се,
на паднатиот Адам исправување...

 

 

 

О, Семилостива Госпоѓо, Дево Владичице, Богородице, услиши нè нас кои Ти се молиме, и покажи ја милоста Твоја на луѓето Твои. Моли Го Синот Твој да нè избави од секое зло и да го сочува, градот и луѓето кои благочестиво прибегнуваат и го призиваат светото име Твое, од секоја напаст, помор, глад, земјотрес, потоп, оган, меч, налет на иноплеменици и меѓусебни војни, од секоја болест и секоја неволја, та од никаква рана, ни закана, ни помор, ни секаков праведен гнев Божји да не бидат поразени чедата Твои; туку сочувај нè и спаси нè по милоста Своја, Госпоѓо, нас кои Ти се молиме.

 

 

[youtube height="350" width="600" align="none"]https://www.youtube.com/watch?v=SvKSTZuooGQ[/youtube]

 

 

 

Друго:

„Стои таа пред својот Син  и со мајчинска жал во срцето вели: „Господи, смилувај се на нив. Знам дека ти згрешија, знам дека Те огорчија Тебе, Господи, знам дека заслужуваат праведно наказание, но Ти простри ја, Својата неискажлива милост, спомни си за немоќта човечка, спомни си за слабоста на нивната природа поради која грешат и за злобата на ѓаволот што сака да ги погуби“. И тогаш слегува на нас милоста на Спасителот, и Он одново испраќа од небото благодатен дожд, кој ги одгонува далеку мрачните облаци на непријателството и благословен мир слегува на земјата. Во сите наши најголеми маки и искушенија милостивиот наш Бог, Кој не се гневи до крај, ни подари непосрамена надеж и непрестајно непроменливо застапништво, давајќи ни ја Својата Пречиста Мајка, која од Крстот ја довери на Својот возљубен ученик и богослов и ја направи Мајка на целиот човечки род. Не само одредени луѓе во своите лични испитанија, туку и цели народи и земји го чуваат споменот за прекрасните чудеса од застапништвото на Богомајката, во миговите кога веќе немоќна била секаква човечка помош да се спречи погибелта“.

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Беседи

Архиепископ Андреј Римаренко: Беседа на Неделата на сите Светии

Архиепископ Андреј Римаренко: Беседа на Неделата на сите Светии

Сите светители кои денес ги славиме го следеле Христовиот пример. И секој од нив, во своето време, во своите животни околности, ја исполнил Божјата заповед за љубовта кон Бога и...

БEСEДА  за патoт на живoтoт и патoт на смртта

БEСEДА за патoт на живoтoт и патoт на смртта

Пoнeкoгаш на чoвeкoт му сe причинува дeка бeзбoжничкиoт пат e прав, бидeјќи глeда дeка бeзбoжникoт сe збoгатува и успeва. O кoга би му сe дoзвoлилo да гo види крајoт на...

Митрополит Струмички Наум:...За контрола и програмирање на умот; и кому, главно, му служи?

Митрополит Струмички Наум:...За контрола и програмирање на умот; и кому, главно, му служи?

Богочовекот Христос ги поучува Своите ученици на кратката молитва: „Господи Исусе Христе, помилуј нè“, како што и секој духовен отец треба да ги подучува своите, т.е. Божјите чеда. Веднаш можеме...

АРХИВА: Митрополит Струмички Наум: Недела на Светите отци на Првиот Вселенски собор (12.06.2021)

АРХИВА: Митрополит Струмички Наум: Недела на Светите отци на Првиот Вселенски собор (12.06.2021)

Да разбереш, односно да сфатиш – во духовно православна смисла, го означува просветлувањето на умот – со дарот на умно-срдечната молитва. Оти, какво е тоа сфаќање и разбирање без просветленост...

БEСEДА  какo мудрoста сe јавува насeкадe

БEСEДА какo мудрoста сe јавува насeкадe

Нo Прeмудрoста Бoжја e најгласна и најјасна вo лицeтo на самиoт Гoспoд Исус Христoс. Вo лицeтo на Гoспoда Исуса Христа прeмудрoста Бoжја сe јавила вo тeлo и сe пoкажала на...

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Поради тоа, браќа, бидејќи нè очекува бесконечна мака, да се потрудиме преку подвиг да ја избегнеме, со милостина да го пречекаме бедниот и да го угостиме, примајќи го туѓинецот, гладниот...

АРХИВА- Митрополит Струмички Наум: Недела на слепиот (23.05.2020)

АРХИВА- Митрополит Струмички Наум: Недела на слепиот (23.05.2020)

Бог е праведен. Сепак, на оние кои се одрекле од светот и световните работи им ветил стократно повеќе уште во овој живот, а плус и Царство Небесно: „Вистина ви велам:...

АРХИВА- Александар Несторовски: НЕДЕЛА НА САМАРЈАНКАТА 14.05.2023

АРХИВА- Александар Несторовски: НЕДЕЛА НА САМАРЈАНКАТА 14.05.2023

Својата Вода, или Живата вода, за која говори Господ Исус Христос, во разговорот со Самарјанката, е всушност Неговото спасително учење кое постојано, непрекинато ни го дава низ вековите, па и...

« »

Православен календар

 

06/07/2024 - сабота

Апостолски пости (на риба)

Св. маченичка Агрипина; Св. маченици Евстохиј, Гај и другите со нив; Споменот на Владимирската икона на Пресвета Богородица; Повест за покајанието на Теофил; Св. Саксбурга ;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христова м-ца Агрипина 23 јуни / 6 јули 2024

Тропар на св. Христова м-ца Агрипина 23 јуни / 6 јули 2024

Оковите железни го опфатија телото твое, но љубовта кон Христа даде ослободување, не само од маченички болки, туку од заробеноста...

Тропар на св. Христов свм. Евсевиј епископ Самосатски 22 јуни / 5 јули 2024

Тропар на св. Христов свм. Евсевиј епископ Самосатски 22 јуни / 5 јули 2024

Крин процвета во земјата сиријска,мирис се разлеа во црквата Христова,пастир мудар беше испратен при децата,да се возвеличува Еден Бог во...

Тропар на св. мченик Јулијан Тарсиски и неговата мајка 21 јуни / 4 јули 2024

Тропар на св. мченик Јулијан Тарсиски и неговата мајка 21 јуни / 4 јули 2024

Благословена си Ти Пресвета Богородице Утешителке,Учителке и примеру на мајките,кои ги следат челадтта на голгота,блажен си ти о мачениче Јулијане,кој...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная