Старец Јосиф Ватопедски
Поради сиромашноста во повоените години, Старецот не можел да го згрижи отец Јосиф, дури ниту со самите најнеопходни работи за живот. Вообичаеното ракоделие не се продавало. Затоа, Старец Јосиф бил принуден преку неделата да го праќа во манастирите на работа за да се прехранат. Нормално, тоа било големо испитување за отец Јосиф.