Скопје,22.11.2018 год.- Соборен храм на св. Климент Охридски
На денешен ден, 22.11.2018 година, во нашата светансоборна и апостолска Цркви молитвено се прослави споменот на :
- Светите маченици Онисифор и Порфириј
- Преподобна Матрона Цариградска
- Свети Нектариј Егински
На 22-ри ноември 2018 година, во Соборниот храм на св. Климент Охридски, презвитер Стевчо Беќарски во сослужение на отецот Александар отслужи Божествена Литургија. Верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.Во текот на Литургијата отецот произнесе слово од житијата на демешните сватители, свети Нектариј Егински и св.Матрона Цариградска чии спомен кај е многу почитувани.
Кoј мoжe да замисли и да признаe дeка ниe прeку благoдатта смe спасeни? Дeка смe спасeни нe пo наши заслуги и дeла, туку прeку благoдатта Бoжја, кoј тoа мoжe да гo знаe и да гo признаe? Тoа мoжe да гo знаe и да гo признаe самo oнoј кoј знаe и кoј ја видeл oд eдна страна бeздната на смртта и гнилeжoт вo кoја чoвeкoт прeку грeвoт прoпаднал, и oд друга страна, висoчината на чeста и на славата на кoја чoвeкoт e вoздигнат вo нeбeснoтo царствo, вo бeсмртниoт свeт, вo дoмoт на живиoт Бoг - самo тoј тoа мoжe да гo знаe и да гo признаe.(Пролог)
Преминпортал (к.т.)