логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 

Гатањето со свети предмети и книги е четвртиот вид на гатање. Овие гатачи своите гатања ги мешаат со молитвите, со псалмите и со други свети зборови, упатени на Богомајката и светителите, за да можат полесно да ги измамат послабите во верата.

Еве што вели свети Јован Златоуст:

„Ти велиш дека онаа старица е христијанка, и дека оној човек е христијански гатач, и дека кога баат или отвораат книга, не изговараат ниту пишуваат некое друго име, освен името Христово, на Богородица и светителите. Односно, тогаш какво зло прават? Тука ти одговарам дека затоа особено прилега да ја мразиш онаа зла жена и тој зол бајач и гатач, бидејќи го користат името Божјо за исмевање и бесчестие.

Иако се христијани, тие делуваат како пагани. Бидејќи и ѓаволите, иако го изговараат името Божјо, сепак се ѓаволи. Некои, пак, сакајќи да се правдаат, велат дека христијанката која бае не изговара ништо друго освен името Божјо. Јас поради тоа уште повеќе ја мразам и се одвраќам од неа, бидејќи името Божјо го употребува за срамота. Воздигнувајќи се, таа себеси се покажува дека дејствува пагански“ .

Оние што гатаат со отворање на „Псалтирот“ или со други свети книги, се отстрануваат од причестување 7 години, бидејќи „Псалтирот“ е света книга со многу пророштва во себе, вдахновена од Светиот Дух, и таа служи за молитва, а не за гатање и собирање пари за осуда. Истиот грев го прават и некои свештеници кои „отвораат книга“, како што вели народот, и паѓаат под тешка осуда, како тие, така и оние кои бараат да им се отвора светото Евангелие.

Маѓепсниците користат и разни „свети нешта“.

-Старче, што се бајачите?

-Маѓепсници се.

– Ги користат Давидовите Псалми, имињата на светителите и друго, а мешаат и повикување на демони. Додека ние, читајќи го Псалтирот ја повикуваме помошта Божја и ја при- маме Божјата благодат, тие со начинот на којшто го ползуваат, хулат на. Бога, ја одрекуваат Божјата благодат, та затоа демоните потоа им го прават атерот (т.е. им помагаат). Ми кажуваа за едно дете коешто отишло кај еден бајач, за да успее во нешто. Тој му читал нешто од Псалтирот, и детето успеало во тоа што го посакувало. Но, по малку време почнал да се гаси, да се топи бедникот. Што направил бајачот? Имал земено нешто суви плодови во рацете, и почнал да му го чита 50-от псалм. Кога стигнал до стихот „жртва на Бога“ ги фрлил сувите плодови, правејќи им жртва на демоните, за да му го направат потоа атерот. На тој начин хулел на Бога со Псалтирот.

Старче, некои, коишто се занимаваат со баење, гатање и магии, користат крст, икони…

Да, знам, од тука ќе разберете каква измама се крие зад тоа што го прават. Така ги лажат кутрите луѓе. Луѓето гледаат дека бајачите користат свеќи, икони и друго, и им веруваат. Да, ми кажа некој, дека во еден град една Турчинка имала ставено една икона на Пресвета Богородица врз еден камен и кажувала: „Каменот што му помага на светот!“ Не велела: „Пресвета Богородица“ но „каменот“. Христијаните се збунуваат бидејќи ја гледаат иконата на Богородица, и некои коишто имаат некаков проблем со здравјето трчаат таму, со мисла дека ќе најдат помош, и потоа – ѓаволот ги меле. Зашто кога Турчинката вели дека каменот им помага на луѓето, а не Богородица, од тука натаму влегува ѓаволот во средината, затоа што тоа е унижување на Богородица. Се тргнува благодатта Божја и почнува демонизам. И, трчаат христијаните да им помогне каменот – каменот и демонот! – и, на крај се осакатуваат, зашто од ѓаволот каква помош можеш да имаш. Ако имаа малку памет ќе си помислеа – „Турчинка, муслиманка, каква врска има таа со иконата на Богородица“. Дури и да велеше дека Богородица помага, штом е муслиманка, каква врска има таа со Богородица? А, колку повеќе сега штом вели дека каменот им помага. Му кажав на еден да го извести Митрополитот и да преземат мерки, за народот да се заштити.

Старче, луѓето бараат заштитници

Подобро да давате крстиња, кога ви бараат заштитници. Немојте да правите заштитници, зашто и маѓепсниците прават амајлии . Ставаат од надвор некоја икона или крст, а внатре имаат различни магиски предмети! Ја гледаат луѓето иконата или крстот и се збунуваат. Еве, пред некој ден ми донесоа една амајлија од еден Турчин со име Ибраим, којашто на неа имаше извезен еден крст. Имам разбрано и за еден безбожник којшто витка разни икончиња и внатре става влакна, дрвца, шајки, монистра. Кога, пак, Црквата го изобличи, рече: „Јас сум медиум“ , затоа што медиумите се дозволени, и така прави што си сака. Му реков на еден којшто имаше претрпено штета од него: „Да одиш да се исповедаш, зашто примаш демонски влијанија.“ Отиде, се исповеда. Дојде потоа, и ми рече: „Не чувствувам никаква разлика“. „Бре“, го прашувам, „можеби имаш нешто на себе од тој опрелестениот?“ „Да“, вели, „имам едно мало кутивче, како мало Евангелие“. Го земам, го отворам и наоѓам внатре разни завиткани икончиња, некои влакна, некои дрвца. Ги зедов, и се ослободи човекот. Гледаш каков измамник е ѓаволот! Кутрите луѓе носат некои такви амајлии навидум за помош, а се измачуваат. Тие треба да ги изгорат и да го закопаат пепелот, или, да ги фрлат во море и да одат да се исповедаат. Само така ќе се ослободат. Беше дојден во Колибата еден младич којшто имаше многу проблеми и се измачуваше, телесно и душевно, повеќе од четири години.

Живееше грешен живот и во последно време се беше затворил дома; не сакаше да гледа никого. Двајца негови пријатели коишто редовно доаѓаа на Света Гора со многу маки го убедија да го земат со нив на Света Гора, со цел да го донесат во Колибата. На патот од Урануполи до Дафни, секогаш кога бродот поминуваше покрај некој од манастирите, младичот се виткаше по подот. Неговите пријатели заедно со отците кои што беа на бродот се обидуваа да го повратат кажувајќи ја молитвата. Со многу тешкотии стигнаа до Колибата. Кутриот ми го отвори срцето, ми зборуваше за својот живот. Видов дека се мачи од некое демонско влијание. Му кажав да оди да се исповеда кај еден духовник на Света Гора, и да го направи она што тој ќе му каже, за да му биде добро. Навистина отиде, и се исповеда. Кога влегоа во бродот за да се вратат, им кажа на пријателите дека духовникот му рекол да ја фрли во морето амајлијата којашто му ја дал некој познат и којашто ја носел на себе, но никако не можеше да го направи тоа. Колку и пријателите да го молеа да стане и да ја фрли, тој остануваше здрвен како статуа. Не можеше да стане од седиштето. Тогаш го фатија, и со многу напор го изнесоа надвор на палубата. Со нивна помош младичот успеа да ја извади амајлијата и да ја остави да падне во морето, зашто немаше сила да ја фрли. Веднаш почувствува дека му се ослободуваат рацете и измаченото тело стекна сила. Полн со живот почна од радост да скока по ходникот и да ја испробува силата на своите раце на железата и на ѕидовите на бродот.

Оние што се занимаваат со магии кажуваат и многу лаги

Бидејќи многупати ви зборував за Рајот, за ангелите и за светиите, за од тоа да имате некоја полза, сега ќе ви кажам малку и за пеколот и за демоните, за да познаете со кого се бориме, за повторно да најдете помош.

Дојде во Колибата еден млад маѓепсник (= вражалец) од Тибет и ми раскажа многу работи од неговиот живот. Тоа дете, само што се одбило од доење, на возраст од три години, татко му го посветил на една група од триесет маѓепсници од повисок степен во Тибет, за да го воведат во нивната техника. Стасал до единаесеттиот степен на магија, а дванаесеттиот е највисокиот. На шеснаесетгодишна возраст заминал од Тибет и отишол во Шведска за да се види со татко му. Таму, случајно сретнал еден, многу верен, православен свештеник и побарал да разговараат. Младиот маѓепсник воопшто не знаел што значи православен свештеник. Во салата каде што седнале да разговараат, почнал да му прави и некои од неговите магии, за да му ја покаже својата сила. Поканил еден од главните демони Мина (Месец) и му рекол: „Сакам вода“. Се кренала една чаша од кујната, самата отишла до чешмата, чешмата се отворила и ја наполнила, поминала преку затворената стаклена врата и дошла во салата. Ја зел маѓепсникот и ја испил. Потоа му ги прикажал на свештеникот во салата целата вселена, небото, ѕвездите. Употребил магии од четвртиот степен и ќе напредувал до единаесеттиот степен. Тогаш го прашал свештеникот како гледа на сето ова. „Бев готов“, ми рече, „да го убијам свештеникот ако ми го исмејуваше сатаната“. Но, свештеникот не му рекол ништо. Тогаш, младичот го прашал: „Зошто и ти не ми правиш знаци?“ „Мојот Бог е смирен“, му одговорил свештеникот и извадил еден крст давајќи му го да го задржи. „Повторно направи ми знаци“, му рекол свештеникот. Младичот го повикал главниот демон Месец, но Месец се тресел не осмелувајќи се да се приближи. Го повикал сатаната и тој исто го гледа крстот и не се приближува. Единственото нешто што сатаната му го рекол на младичот било да стане и да си оди на Тибет. Тогаш младичот му се исмеал на сатаната: „Сега разбрав“, му рекол, „дека твојата голема сила е една голема немоќ“. Во продолжение тој се катихизирал од добриот свештеник којшто му кажал за светите места и за Света Гора… Од Шведска отишол за Ерусалим каде што го видел и светиот оган. Од таму отишол во Америка за да ги исмее сатанистите коишто ги познавал, за да си го сменат умот; Господ го направи најдобар мисионер; и, од таму дојде на Света Гора.

Добриот Бог, шокантно му помогна, затоа што од мал беше онеправдуван; но, молете се, бидејќи го напаѓаат маѓепсниците со сите демони. Кога мене ме напаѓаат штом доаѓа да му помогнам, колку повеќе него. Свештениците му читаат егзорцизми, рацете му пукаат и му тече крв. Кутрото дете, демоните многу го мачат; а, порано кога беше во пријателство со нив, не само што не го вознемируваа, но му помагаа и го услужуваа. Да се молите. Но, и самиот треба многу да внимава, зашто Евангелието вели, (Мт. 12. 45), дека нечистиот дух кога ќе излезе од човекот „оди и доведува други седум духови, полоши од себе, и штом ќе влезат, таму ќе живеат, та последната состојба на тој човек станува полоша од првата.“

(Продолжува…)

Што е тоа магија и колку видови магии постојат? (I дел)

Извор:https://bigorski.org.mk/etika/grevot-na-gatanje-so-svetite-knigi-koe-denes-e-voobichaeno-kaj-vernicite-part-2/

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3213
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7698
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

23/12/2024 - понеделник

Божикен пост (строг пост)

Светите маченици Мина, Ермоген и Евграф; Преподобна Ангелина и Св. Јован Деспот; Светиот маченик Гемел; Преподобен Тома Дефуркин;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Велики сте вие Мино и Ермогене,кои лично Христово присуство вовашите страдања измоливте.Благодатта преку вас не само Евграфа туку и целото...

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Се зарадува душата твоја во Господа,а таа радост по твоите молитви Христос ја пренесе на верните свои,о Ано смирена слугинко...

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная