Појасот на Пресвета Богородица
Апостолот Тома потоа ги извести останатите апостоли за овие чудесни настани и им го покажа Светиот Појас на Пресвета Богородица.А тие Го прославија Бога и побараа да ги благослови, бидејќи беше единствениот кој се удостои да го види славното преселување на Богородица.Чувањето на светиот Појас го презедоа две сиромашни и побожни жени во Ерусалим, кои се грижеа за Богородица.