логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

/За Божествените Писма/

Но, бидејќи спомнавме за еретиците, како за мртви, а за нас како такви кои ги имаат за спасение Божествените Писма[2], и се плашам, како што им пишувал Павле на Коринтјаните (2. Кор. 11, 3), дека некои од попростите, поради (својата) простота и чистота, за да не бидат заведени со лукавоста (проказы) на некои луѓе, и понатаму да почнат да се занимаваат со други (книги), таканаречени Апокрифи, заведени од истоименитоста (на називите) со вистинските (=Боговдахновени) Книги, – ве молам да прифатите, ако потсетувајќи (ви) пишувам (вам) и јас за она што го знаете, а заради потребата и ползата на Црквата. Сакајќи, пак, тоа да го спомнам, ќе се послужам, заради поддршка на мојата смелост, со примерот на Евангелистот Лука (1, 1-3) говорејќи и самиот: Бидејќи некои почнаа да составуваат за себе таканаречени Апокрифи и да ги мешаат со Боговдахновеното Писмо, за кое (Свето Писмо) дознавме како го предадоа на Отците оние кои од почеткот биле очевидци и служители на Словото (=Апостолите), намислив и јас, поттикнат од искрените браќа и научен од почетокот, понатаму да ги изложам Книгите Канонски и Предадени, и Поверувани како Божествени, па секој, ако е и заведен, да ги осуди оние кои (го) завеле, а оној кој останал чист, да се радува повторно потсетуван.

Значи, вкупно книги на Стариот Завет има на број дваесет и две; бидејќи толку, како што чув, се предадени кај Евреите и букви (на азбуката). По ред пак и по име секоја е вака: Прво Битие, па Исход, па Левитска, и по неа Броеви, и на крајот Повторени закони; по нив следи Исус Навин, и Судии, и по неа Рут; и веднаш потоа Царства четири книги, од нив првата и втората се бројат како една книга, а исто третата и четвртата како една; по овие, пак, (доаѓа) Паралипоменон (=Дневници), прва и втора, кои повторно исто се бројат како една книга: потоа прва и втора Ездра, исто така како една; по овие книгата Псалми, и понатаму Приказни, па Еклисијаст (=Проповедник), и Песна над песните; покрај овие е и Јов; и понатаму Пророците, Дванаесет (мали Пророци) кои се бројат како една книга; потоа Исаија, Еремија, и со нив Варух, Плач, Послание; и по него Езекиил, и Даниил. Дотука стојат (22) книги на Стариот Завет.

А книгите на Новиот (завет) повторно нема да задоцниме да кажеме, а тоа се овие: Евангелија четири: според Матеј, според Марко, според Лука, според Јован; потоа по овие: Дела Апостолски, и Апостолски Посланија, наречени Соборни, седум такви, вака: Јаковово едно, Петрови две, Јованови три, и по нив Јудино едно. Покрај нив се од апостолот Павле четиринаесет Посланија, по ред напишани вака: Прво до Римјаните, потоа до Коринтјаните две, и по овие до Галатјаните, а понатаму до Ефесјаните, па до Филипјаните, и до Колосјаните, и по нив до Солунјаните две, и до Евреите; и веднаш до Тимотеј едно, а до Тит едно, и последното до Филимон едно; и повторно: Јовановиот Апокалипсис[3].

Ова се извори на спасението (= источьници спасения), жедниот да се напои во нив со содржани зборови. Само во овие се благовестува науката на Благочестието. Никој на овие да не додава, ниту од нив нешто да одзема. Во однос на овие Господ ги замолкнал Садукеите, говорејќи: „Се лажете, оти не ги познавате Писмата, ниту силата Божја“ (Мат. 22, 29), а Јудеите ги советувал: „Прегледајте го Писмото, зашто и тоа сведочи за Мене“ (Јован 5, 39).

Но заради поголема точност (akriveia), го додавам и ова, пишувајќи како потребно: дека, освен овие, постојат и други книги, кои не се канонизирани (= не влегле во канонот), но од Отците се одредени за читање за оние кои штотуку ì пристапуваат (на верата) и сакаат да го научат словото (=науката) на Благочестието; (тоа се): Премудрост Соломонова, и Премудрост Сирахова, и Естира, и Јудита, и Товит, и (така)нареченото Учење на Апостолите (Didahi), и Пастирот (Ермин).

Па сепак, возљубени, додека и оние Канонизираните ( =внесени во канонот), и овие читаните (=одредени за читање), за Апокрифните нема никаде спомнување, туку тоа е измислица на еретиците, кои кога сакаат ги пишуваат, поклонувајќи им и додавајќи им време, та, прикажувајќи ги како стари, да имаат изговор со тоа да ги прелажат простите (луѓе)[4].

[2] Веќе првиот израз на овој текст е значаен: еретиците се карактеризираат како мртви, а Православните ги „имаат за спасение Светите Писма“, кои малку понатаму се нарекуваат „Боговдахновени“ и „извори на спасението“, во кои единствено „се благовести науката на Благочестието“, т.е. црковната вистинска (=Православна) вера и живот и спасение.

[3] Освен свети Атанасиј, и многу други Отци на Црквата (Јустин, Иринеј, Дионисиј Александриски, Ефрем Сириски) го признаваат Јовановото Откровение за канонска книга.

[4] Канон 2 на свети Атанасиј (слично на другите наведени долу), има посебно значење, бидејќи претставува сведоштво за Преданието на Александриската Црква за книгите на Светото Писмо. Пред него книгите кои се во канонот на Светото Писмо ги набројуваат Мелитон Сардски (+180 год.), Мураториевиот фрагмент (крајот на II век), Ориген (+254), Евсевиј Кесариски (+340), Илариј Пиктависки (+366), и нашите канони: Апостолски 85, Лаодикиски 60, Картагински 24, свети Григориј Богослов и свети Амфилохиј; исто така и други Отци: Кирил Ерусалимски (+385), Епифаниј Кипарски (+403), Ероним (+420), Августин (+430), Леонтиј Схоластик-Византиски (+543, кој го употребува називот: kanoniz3mena biblja 6n tÝ }EkklhsjÈ, но не ги спомнува девтероканонските книги), Јован Дамаскин (+749), Никифор Цариградски (+829). – Како што се гледа, свети Атанасиј ги дели книгите на Светото Писмо на: Канонски (всушност: kanoniz3mena значи: вбројувани во канонот, а не канонизирани) и Читани=одобрувани како полезни за читање (дали и во Црква=на богослужение, како денес?), значи: Второканонски. Интересно е што во Канонските (кои ги има 22 според Еврејската азбука, каде што Рут ја брои посебно, а Естира ја префрла во Читани, дали само поради бројот? или што ни сите Евреи не биле согласни за неа?) ги вбројува Варух и Посланието на Еремија (веројатно во состав на книгите на Еремија), а во Читани не ги спомнува Макавејските, додека ги додава Дидахи и Пастирот! Во Новиот Завет Откровението Јованово му е меѓу канонските книги, кое го има уште и Картагинскиот 24 канон. Што се однесува пак до Апокрифните книги, Црквата од самата нивна појава ги отфрлала, како што напомнува и современикот на Атанасиј свети Кирил Ерусалимски (Катихеза 4, 35-36). – Покрај она што го рековме кај Апостолскиот 50 канон (види напред), додаваме овде, наспроти протестантското сфаќање (Th. Zahn кај P. Mpovmh, 200), дека Православната Црква не вршела стриктно „кодификација“ на книгите на Светото Писмо како нешто што е надвор и над неа, туку го има во себе, и го чува како свое, Светото Писмо како Слово на вечниот Живот (Јован 6, 63.68), како жив Дух и Слово на Бог Словото и на Духот Животодавец, во својата Заедница од живи во Земјата на Живите=Евхаристијата на Христос Богочовекот, Литургијата на Света Троица. (Оваа своевидна разноликост во „бројот“ на книгите на Светото Писмо, кај поедини Отци и Собори, нам ни личи на разноликоста на самите Свети Канони во историјата, животот и праксата на Православната Црква; па како што од Светото Писмо не правиме, како Протестантите, „Sola Scriptura“ /бидејќи: 2. Кор. 3, 6/, така ни кај Светите Канони не правиме артилериска „канонада“ за разбивање и убивање, туку ги употребуваме „во добрата борба на верата“ /1. Тим. 6, 12/ за духовно оживување и изградување, како Духоносно „оружје на светлината“ /Рим. 13, 12/, како „оружје на Мирот“ за Непобедлива победа на љубовта, благодатта, изградувањето на Заедницата=Црквата во Христа – Темелот, Првината, Структурата и Глава на Црквата).

Превод од српски јазик:

ѓакон Јани Мулев

 

Не треба да се плашиме од антихристот или од бројот 666

 

 

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3213
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7697
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

22/12/2024 - недела

Божикен пост (на риба)

Зачнувањето на Света Ана; Св. Ана, мајката на Пророкот Самуил; Преп. Стефан Новосјаен; Св. Софрониј, архиепископ Кипарски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Исповедниче на вистината, сведоку на благодатта, проповедниче на слободата, Парамоне свети мачениче, трубо Божја за сведоштво,оправдание на твоите триста и седумдесет

Тропар на светите петнаесет Тивериополски свештеномаченици 28 ноември / 11 декември 2024

Тропар на светите петнаесет Тивериополски свештеномаченици 28 ноември / 11 декември 2024

Голема пофалба и крепост има градот Тивериски,ерарсите, свештениците и левитите: зашто откако идолската прелест ја разобличија, победници над нечестивите се...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная