логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

ТРОПАРИ НА СВЕТИТЕЛИТЕ И ПРАЗНИЦИТЕ   

Тропар на светите
архиепископи Атанасиј и Кирил
Александриски
18 јануари / 31 јануари


глас 3

Делата засветлија во Православието
со нив го замолкнавте злословието,
победоносци станавте,
ги обогативте сите со благочестие,
и Црквата ја украсивте,
достојно го исповедавте Христа Бога,
Кој ни дарува голема милост.


 
Извор МПЦ – ОА

 

Тропар на светиот отец наш Атанасиј
патријарх Александриски
18 јануари /31 јануари
3 глас
Столб си бил на Православието,
со Божествените догми утврдувајќи ја Црквата,
свештеноначалнику Атанасие:
 проповедајќи го Синот како Едносуштен со Отецот,
Ариј си го посрамил.
Оче преподобен, моли го Христа Бога,
да ни подари милост голема.


 
Извор МПЦ-ОА

 

 Тропар на светиот Христов
архиепископ Александриски
К И Р И Л
18 јануари / 31 јануари

3.angeli.so.truba


Оној кој солзи лее за вистината,
се радува во небесната слобода,
тој Господи љубовта Твоја ја повикува.
За Името Твое глава веднеејќи,
и за нетлената одора на Онаа која те роди,
на Кирил свети полкови ангели му испрати.
О, свети Божји угодниче,
молитвата твоја за Црквата да не престане,
и многу ако бидат маките на верните,
сите нека се најдат спасени во Небесното пристаниште.


 
Извор МПЦ-ОА
Манастир св Јован Крстител
Слепче

 

 

СВ АТАНАСИЈ ВЕЛИКИ
Стиховни стихири, глас 8

3.angeli.so.truba



            Умот твој од Христа просветлен, мноштво знаменија во зборови преточи, од кои ние душите ги напојуваме и во срцата ги собираме, о Атанасие, истоименит на бесмртноста кој Бога во Троица го запечати, во сечие срце кое по вистината трага. Моли се за нас пастиру Христов, чиј свет живот за спасение денес го величаме, и Бога го прославуваме, за  мажот благодатен  кого  Ангелите го воспеваат.



     Стих: Чесна е пред Господа смртта на неговите преподобни



        Радувај се Атанасие свети, радувај се ти за кого Христос живот стана, но иако Него во гроб го ставија,  ти во словото од Духот поттикнато, смирението Негово го прослави,  во целата вселена, Оче свети преподобен, смртта ти стана желба а не страв уплашен, затоа што за тебе Христос  е придобивка, за вечни векови.

Стих:  Свештениците Твои ќе се облечат во правда, и преподобните Твои ќе се возрадуваат.



          Радувај се, прогонството го исчисти семето од каколот, воскликнува и денес душата Твоја пред Господа: на Твоето Име воздај слава Боже Мој, и запази ги оние кои учењето вистинско го примија за спасение, преумување и во Бога битисување, праведнику Божји: смирението е живот кој над смртта господари – Господи слава Тебје.



Извор МПЦ-ОА
Манастир св Јован Крстител- СЛЕПЧЕ 

 

Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче

Православен календар за 31/01/2024

ТРОПАР

Тропар (грч. τροπάριον, цсл. тропа́рь) е кратка црковна молитвена песна, настаната во доцниот стадиум на химнографијата. Тропарот ја содржи суштината на празникот за кој е напишан и во кој се прославува светителот; во Канонот, тропарот следи после ирмосот. Често се однесува и на аполитикион (грч. απολυτίκιον), или отпустителна химна преку која се опишува главната тема на богослужењето на денот, а со која се завршува Вечерната богослужба.

Богородичен (теотокион) е посебен вид на тропар, кој е посветен на Пресвета Богородица. Помали варијации во Богородичниот водат кон Крстобогородичен (ставротеотокион), посебен вид на тропар посветен на страдањето на Пресвета при распнувањето на Христос на Крстот, и како таков најчесто се користи во среда и петок, денови кога Црквата се сеќава на чесниот Крст Господов.

Понекогаш тропарот се користи како рефрен помеѓу читање на стихирите.од Псалмите, иако примарната функција во тој случај ја имаат стихирите.

Тропарник се нарекува една засебна целина во книга со тропари и кондаци, за секој ден на Црковната литургиска година.

ПреминПортал

2024 лето Господово

Од Верскиот календар:

Свети Атанасиј Велики, архиепископ Алесандриски,  Свети Кирил Александриски

sv.Atanasij.jpg

Тропар, глас4.

Боже на нашите татковци, Кој секогаш постапуваш со нас според Твојата кроткост, Твојата милост од нас не одземај  ја, но со нивните молитви нашиот ѓивот во мир упати го.

Роден во Александрија 296 година. Од детството наклонет кон духовниот призив. Беше ѓакон кај архиепископот Александар и го придружуваше својот архиепископ на Првиот Вселенски Собор во Никеја. На овој Собор многу се прослави со неговата ученост, благочестие и ревност за Православието. Многу придонесе за побивањето на Ариевата ерес и за утврдувањето на Православието. Го напиша Символот на Верата кој на Соборот беше усвоен. По смртта на Александар, Св. Атанасиј беше избран за архиепископ Александриски. Во архиепископскиот чин остана над четириесет години, иако не беше цело време на архиепископскиот престол. Речиси сиот живот беше гонет од еретиците. Од царевите најмногу го гонеа: Констанциј, Јулијан и Валент; од епископите Евсевиј Никомидиски со уште мнозина други; а од еретиците Ариј и неговите следбеници. Беше принуден да се крие од гонителите дури и во бунар, во гроб, по приватни куќи, по пустини. На двапати бегаше во Рим. Дури пред смртта едно време проживеа мирно како добар пастир сред своето стадо, коешто вистински го љубеше. Мал е бројот на светителите што се толку клеветени и толку злосторнички гонети како Св. Атанасиј. Но неговата голема душа најпосле излезе победоносна од сета таа долготрајна и страшна борба. За совет, утеха и морална потпора често одеше кај Свети Антониј, кого го почитуваше како свој духовен отец. Човекот којшто ја формулираше најголемата вистина мораше и да пострада за таа вистина, додека Господ не го упокои во Своето Царство овој Свој верен раб, во 373 година.

 

Глава 1.

Родословот на Исус Христос. Христос е и Свештеник и Цар. Он е Свештеник затоа што Самиот Себе се принесе како жртва за нас. Он е Цар затоа што се зацари да ги победи гревот и смртта.

Колена четиринаесет. Зошто за колената е речено: колена четиринаесет, кога се наведени дванаесет? Мислам затоа што Евангелистот под едното колено го подразбирал самото преселување (вавилонско), а под другото – Христос.

Глава 2.

Бидејќи ја видовме Неговата ѕвезда на Исток. Кога за секој човек би постоела ѕвезда на небото, зошто тогаш небото се исполнило со безмерно и безбројно мноштво ѕвезди во третиот ден, а Адам е создаден во шестиот ден?

А дека со нашите дела не управуваат судбината, раѓањето, движењето на ѕвездите, јасно е од следното. Ако сè што се случува зависеше од спомнатото, а не од човековата слободна волја, зошто тогаш казнуваш слуга фатен во кражба, зошто ја судиш жената прељубница? Што се срамуваш кога ќе направиш нешто лошо? Зошто не можеш да истрпиш збор што те прекорува? Ако некој те нарече прељубник, или блудник, или пијаница, или нешто слично, зошто тогаш тоа го сметаш за навреда? Ако твојата слободна волја не е во тоа да грешиш, тогаш и за она што си направил нема твоја вина, ниту во тоа што си кажал нема навреда. Но, тогаш, бидејќи не му простуваш на оној што згрешил, а и самиот, кога ќе направиш нешто лошо, се срамуваш и настојуваш тоа да го сокриеш, а за оној што тебе ти припишува лоша постапка сметаш дека те навредува, со самото тоа признаваш дека нашите постапки не се врзани со неопходност, туку се одликуваат со слободата на волјата. На оние кои се врзани со неопходност можеме да им простиме. Ако некој бесомачен ни ги искине алиштата или не удри, ние не само што не го прекоруваме, туку го сожалуваме и му простуваме. А зошто? Затоа што тој тоа не го направил со слободната волја, туку принуден од зол дух. Заради тоа, кога и другите грешки би настанувале по неопходност и по неизбежна судбина, тогаш ќе простувавме. Но, бидејќи знаеме дека тоа не е неопходно, не простуваме – ниту господари на слуги, ниту мажи на жени, ниту жени на мажи, ни татковци на деца, ни старешини на потчинети, туку напротив, стануваме строги мачители и казнувачи на дрскост, прибегнуваме кон судови, виновните ги подложуваме на удирање, ги караме, и преземаме сите мерки да ги одвратиме од злото.

agkyrillAlx

Роден и пораснат во Александрија, св. Кирил го наследил неговиот вујко Теофил како епископ на градот во 412 г. На почетокот од епископското служење (412-238) тој бил посветен на објаснувањето на Светото писмо (типолошкиот метод е особено нагласен кај него) и на побивање на еретиците и неверните. Вториот период на неговото епископство (428-433) бил најинтензивен и најплодоносен и се истакнува со неговото спротивставување на Несториј, кое се запечатува со свикувањето на Третиот вселенски собор во Ефес (431), на кој и бил осуден Несториј. Последниот период од животот на Кирил (433-444) бил мирен, иако тој морал да го објасни своето учење на критичарите, и од александриската, и од антиохиската страна.

Св. Кирил е еден од најистакнатите богослови на Црквата. Следејќи го св. Атанасиј и кападокијците, тој го прифатил никејското омоусиос (едносуштие): трите ипостаси (личности) на Отецот, Синот и Светиот Дух и единството на божествената усија (суштина), која се гледа во трите испостаси и е изразена во нивната заедничка волја и дејствие. Особено обраќа внимание на сотириологијата (учењето за спасението), кое претставува интерес наследен од св. Атанасиј. Тој спасението го разбира како „учество“ и „подражавање“ на човечката природа по однос на Божествената, објективно во Христа, а субјективно од страна на сите човечки суштества преку Светиот Дух, Кој дејствува во и преку светите тајни. Објективниот аспект на спасението во Христа е особено нагласено во неговото учење за оправданието преку благодат, вешто разработено во неговото евангелско толкување на Законот во „За поклонението во Дух и Вистина“.

Неговата терминологија по однос на христологијата првично предизвикала одредени проблеми, поради двосмисленоста, но неговата мисла била јасна и помогнала да се расчистат некои проблеми поврзани со формулирањето на догматите. Тој го следел принципот на св. Атанасиј дека богословските расправи не се околу термините, туку околу значењето што ним им се придава. Затоа Кирил можел да го употреби терминот физис (природа) како еквивалент и на ипостас (личност) и на усија (суштина) и да говори за „едната природа на Бог Словото што се воплоти“ и за „едната личност на Бог Словото во (од) две природи“. Затоа не треба да се мисли дека тој си го променил мислењето од монофизитско на диофизитско гледиште. Кирил погрешно бил обвинуван за аполинаријанство од страна на Несториј.

Познато е дека св. Кирил го бранел терминот Теотокос (Богородица) по однос на Марија, Мајката на Исус, наспроти Несториј кој тврдел дека Таа треба да се нарекува Христородица. Според Несториј, Христос бил две личности: вечното Бог Слово се вселило како во храм во човекот Исус. Марија, всушност, родила човечка личност, а не Божествена. На ова св. Кирил жестоко се спротивставувал, потенцирајќи ја единственоста на Христовата личност (оттука и проблемите околу терминологијата). Според Кирил, Марија ја родила Божествената Личност на Словото Кое примило човечка природа, па затоа Таа и навистина е Богородица.

 OLYMPUS DIGITAL CAMERA

„Св. Никита“ – Горњани (Скопско): најдесно е св. Кирил зад св. Атанасиј

 Според преданието, пофалната песна Богородице Дево се припишува на овој светител. А поради неговата изразена мариологија, тој често во црквите се изобразува во олтарот со капа (специфична за александриските епископи) и со свиток во рацете кој го носи возгласот од Литургијата „Особено за Пресветата, Пречиста…“, кој претходи на „Достојно е“, додека неговиот поглед е упатен нагоре (кон Онаа која е Поширока и од небесата). Честопати се поставува и зад св. Атанасиј, затоа што бил негов наследник на александрискиот епископски трон, но и поради почитта што Кирил ја имал кон овој светител (за ова сведочи и фактот што овие двајца светители, Атанасиј и Кирил, се слават заедно и на 18/31 јануари).

http://mistagogia.mk/wp-content/uploads/2014/06/PC140592-%D0%B0%D1%82%D0%B0%D0%BD%D0%B0%D1%81%D0%B8%D1%98-%D0%B8-%D0%BA%D0%B8%D1%80%D0%B8%D0%BB1-e1403278696576-768x1024.jpg

„Св. Георгиј“ – Старо Нагоричане (Кумановско): св. Атанасиј и св. Кирил



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3213
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7697
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Беседи

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Како што постојат места на земјата на кои успева само еден вид растение и нема такви други места на кои истото растение би растело, така и во Црквата Христова постои...

 Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Незамисливо е да се биде христијанин без подвиг и крст. Оној што води лесен живот не може да се нарече христијанин. Некои луѓе отсекогаш верувале дека христијанин е оној кој...

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Тоа бил празникот на христијанското царство, кое се родило под закрилата на Крстот, во денот кога царот Константин го видел Крстот над кој пишувало:: „Со ова ќе победиш…” Тоа е...

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Во Ветената земја - Палестина, дадена на израилскиот народ од Бога, во планините на Галилеја се наоѓа градот Назарет. Во тоа време тој бил толку непознат и малку важен, што...

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Самиот тој, со својот начин на живот, е олицетворение на покајанието. И нормално, не би ни можел да биде повикан од Бог да проповеда покајание ако целата негова сила не...

БОГОРОДИЦА

БОГОРОДИЦА

„Испитувајќи што му е најпотребно на молитвеникот за да беседи со Бог, по кој пат доаѓа молитвата, Богородица го пронаоѓа свештеното тихување..., оддалеченост од светот, заборав на сè земно и...

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

И колку славно било Нејзиното успение! Со каква светлина сјаело Нејзиното пречисто лице. Колку прекрасно, неописливо, неспоресливо благоухание извирало од нејзиното пречисто, приснодевствено тело, како што пишува св. Дионисиј Ареопагит,...

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Многу е важно правилно да разбереме и да ги запомниме зборовите на тропарот на великиот празник на Успението на Пресвета Богородица: „... По Успението не си го оставила светот, Богородице...’’.Нејзината...

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

А и зошто Господ, пред почетокот на Преображението ги избира најглавните од апостолскиот лик и ги возведува со Себе на гората? Секако, за да им покаже нешто големо и таинствено....

« »

Православен календар (2)

 

22/12/2024 - недела

Божикен пост (на риба)

Зачнувањето на Света Ана; Св. Ана, мајката на Пророкот Самуил; Преп. Стефан Новосјаен; Св. Софрониј, архиепископ Кипарски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Велики сте вие Мино и Ермогене,кои лично Христово присуство вовашите страдања измоливте.Благодатта преку вас не само Евграфа туку и целото...

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Се зарадува душата твоја во Господа,а таа радост по твоите молитви Христос ја пренесе на верните свои,о Ано смирена слугинко...

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная