Св. Јован Златоуст - ОВДЕ НА ЗЕМЈАТА, СЕКОЕ ДОБРО И СЕКОЕ ЗЛО ИМААТ КРАЈ
Што бидна со сите оние величија? Што бидна со парите и имотите? Кој ветар дувна та ги зеде и ги расфрла? И зошто, повторно, и ова бескорисно трошење за погреб, при што ни покојниот нема никаква полза, а и на домашните им штети? Христос воскресна без облека од гробот.