с. Љубанци- манастир на св. Никола
Што значи спасение? Дали навистина, смртта на телото е претпоставка за влезот во Царството Христово? Како можеме да ја развиеме нашата способност за да живееме согласно заповедите Христови, согласно Светиот Дух? Само едно е значајно: да го зачуваме интензитетот на молитвата и покајанието. Тогаш, смртта не ќе биде пад, туку премин во Царството, за кое ќе сме подготвени преку причестувањето со Телото и Крвта Христови, преку молитва и повикувајќи го Неговото Име: Господи Исусе Христе, Боже наш, помилуј нè нас и Твојот свет.
Во тринаесеттата недела по Педесетница, кога Македонската православна црква-Охридска архиепископија молитвено го прославува споменот на Неракотворната икона на Господ Исус Христос, Светиот маченик Диомид и Преподобен Јоаким Осоговски, во манастирот на св. Никола, во селото Љубавци (скопско), отец Звонко отслужи Божествена Литургија. На Литургијата бројниот верен народ се причести со Светите Христови Тајни.Традиционално, на овој ден, жителите од с. Љубанци доаѓаат во посета на манстирот.На крајот на Литургијата, се освети водата и пресече славскиот колач.
Преминпортал (к.т.)