Митрополит Американско- канадски г. Методиј Златанов- Светоста на светот
Постмодерниот омјаз на секуларизмот од крајот на вториот милениум со таков апсолутизам се промовира како Spiritus Mundi, што остава впечаток дека древниот ѕвер – дуализмот е веќе мртов и светот полека влегува во новиот еон со еден ум и една дипотрија. Идејата за лажното единство се мултиплицира на сите нивоа во животот на глобалната политеиа. Но секуларизмот е чедо на старата блудница која го опиваше умот на манихејците, богумилите и нивните браќа по прелест.