Скопје,01ви март 2020 год.- манастирска црква на св.вмч. Георгиј. Криви Дол
На 01.03.2020 г., во Неделата на Адамовото изгонување од рајот, кога го празнувавме споменот на Светиот великомаченик Теодор Тирон, Преподобниот Теодосиј Бугарин и неговиот ученик Роман и споменот на Света Маријамна (Марија), свештеникот Александар Најдовски во сослужение на ѓаконот , отслужи Божествена Литургија во манастирската црква на св.вмч.Георгиј.Бројниот верен народ се причести со Светите Христови Тајни.На крајот на Литургијата отецот поучи за духовниот карактер на Прочка- Велики поклади
(Недела на проштевањето)
Овој празник пред Чесниот пост е устроен за да потсети на духовниот карактер на постот. Му се посветува на проштевањето или посуштински на покајанието, кое во Црквата претставува единствената вистинска содржина на личносните односи. Телесното воздржување што се практикува за време на постот е неразделно од богокопнежливата љубов на христијаните. Таа самата подразбира тежнеење да се живее во добродетелите на милостивост, кротост, долготрпеливост, смирение и секое човекољубие. Верните настојуваат ревнувајќи во овие добродетели и особено преку подвигот на Исусовата молитва, да Му приготват во себе живеалиште на Светиот Дух.тургија. Многубројниот верен народ се причести со Светите Тајни Христови.
ПРАВОСЛАВЕН КАЛЕНДАР ЗА ВЕЛИКИОТ ПОСТ-
(Преминпортал к.т.)
Друго: