логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 

3.angeli.so.truba

Не ги учиме дека другарот од клупа е другар за цел живот. Оној што се брани ако некој го напаѓа. Оној што не се тегне за коса, не се исмева, не се навредува, не се снима со мобилен телефон додека некој го малтретира. Пропуштаме да видиме дека зад неучењето, зад агресивноста, зад дрскоста, секогаш се крие повик за помош. Не го слушаме

Автор: Елизабета Секирарска, професорка во средно училиште

Работам безмалку 3 децении со младите. Работам заради нив, поточно. Заради она во кое верувам, а кое подразбира дека да си учител, означува вложување во светогледот на оние пред кои стоиш и на кои треба да им креираш и поглед на свет, надвор од лекциите, тестовите и задолжителните содржини што сè повеќе прераснуваат во баласт наместо да се предизвик - како некогаш. Ќе пишувам повторно за младите денес, за она што им се случува, за она што им натежнува, за она што го имаат, а не им е потребно и за она што го немаат, а толку многу им недостига.
Ќе започнам со една кратка, вистинска приказна. Сценарио кое само се пишува и е дел од реалното секојдневие. Приказна со само еден лик како главен актер, но носител на силен колективен печат кој ги дефинира младите денес, а поради кој умееме да им доделиме квалификативи со кои, сигурна сум и тоа секогаш го потенцирам, всушност си даваме алиби сами на себе како возрасни: незаинтересирани, не учат, апатични, повлечени, затворени, неповерливи, агресивни, невоспитани, дрски. Но зошто се, дали се, всушност?

Предавам лекција. Девојче во последна клупа, потпрено на раката. Нејзиниот поглед врзан за прозорецот. Шестиот час тече, надвор сонце, убаво, ранопролетно.
Ја спуштам кредата и молчам. Сите се вртат со прашалници во очите, бараат во кого гледам. Можев да се направам дека не гледам. Можев да си продолжам и да ја завршам лекцијата, и онака уште некоја минута додека да ѕвони. И онака веќе и не е важно.
Ама мене ми е важно. Сакам кога моите ученици ќе си одат, да не изнесат од училницата каење што биле во неа. Тишината најпосле допира до неа. Се трга како разбудена од сон, со трага на вина во очите. Нејзината блага насмевка доби име: „Извинете, професорке“.

Се гласи ѕвоното. Ги собирам моите хартии од катедрата, прибирам предадени домашни задачи.
Сите излегуваат. Освен неа. Застанува до мене и со истата блага, помалку искривена насмевка, тивко вели: „Добро сум, професорке. Сакам да знаете дека сум добро. Само ми е лошо некое време и тешко ми е да бидам своја. Ама добро сум. Само не сум среќна“.

Девојче драго. Учителот во мене доби силен убод, еден од оние што допираат токму во свесноста дека не даваме сѐ од себе, сепак. Некаде длабоко во себе треба да сме свесни дека пропуштаме да забележиме, да почувствуваме, да дејствуваме. Ни се допреа дланките и дел од нејзината топла, млада насмевка додека ја држев за рака ми го исцрта ликот на денешниов млад човек, кој се бори со времето во кое треба со полни едра да го живее најубавиот дел од својот живот. Го живее ли? Зошто не?
Што се случува со младите денес? Во каков амбиент растат и созреваат? Што носат од дома како воспитни норми врзани со артикулирано однесување надвор? Како го доживуваат училиштето, своите наставници, своите врсници? Задоени ли се со емпатија, сочувство и желба да споделуваат? Имаат ли изграден став кон своите обврски како ученици? Имаат ли соодветни модели на однесување меѓу нас, возрасните, како репери од кои ќе учат исправност? Ги учиме ли на среќа, конечно? Многубројни се прашањата што им го дефинираат животот и ги прават она што се - она што го гледаме како возрасни и она против кое сме сè понемоќни.

Зошто е тоа така?
Ако тргнеме по ред, она што е стартниот сегмент од креирањето на младото битие е секако семејството. Микрокосмосот во кој ѕвездените, секогаш прекрасни деца го осознаваат животот и го започнуваат чекорењето низ него. Оттаму носат аспекти кои стануваат дел од нив самите. Ако дома имаат атмосфера на дисфункционално семејство, а за жал, современите мачни времиња сè повеќе го носат тој баласт, децата се фаќаат во костец со животот и недоволно и неправилно разбирајќи го. Решавајќи ги егзистенцијалните прашања, родителите се трудат да им понудат, да им обезбедат и да им дадат многу нешта, освен она што најмногу им е потребно - своето време.

Некои не се во состојба да им обезбедат ниту основна егзистенција и за тие деца, маргините на животот стануваат секојдневие. Така препуштени сами на себе, а во името на родителските битки за нив како своевиден воспитен апсурд, се вклучуваат во образовниот процес во кој предолго недостига оној многу попотребниот аспект - воспитувањето. Секој учител знае - лекцијата може да се научи. Она што таа лекција му го нуди надвор од тоа што во неа го пишува, како сфаќање кое ќе му биде потребно во животот, е нешто сосема друго. Она другото што на нашето образование сериозно му недостига.

Во училницата, пак, функционира еден друг свет. Многу голема оптовареност со содржини кои не се толкуваат никако поинаку освен како обемни, истоштувачки, несоодветни за возраста и со контексти кои демотивираат. Реформски зафати за кои многу се зборува и за кои сите остануваат глуви, а кои оставаат далекосежни последици кои се мерат со функционална неписменост, незнаење, апатичност и искривени погледи во однос на тоа како се остварува успех. Многу часови. Додатна и дополнителна настава. Лоши учебници, со сериозна и мошне реална опасност да го дерогираат воспитно-образовниот систем. Демотивирани наставници, носители на професионалниот огин кој одамна се заканува да згасне, втурнати во привидот на образованието во кое им треба многу, пред сѐ, лична решеност да не се предадат и независно од исцрпувачката клима по сите основи гордо да го разгоруваат пепелот од кој никнале, полни со желба и ентузијазам.

Ете го пред нив детето, гледа, впива, зрее и учи. Ете ги со него и неговите врсници, оние што исто како и тој, во клупите се за да отседат и да издржат, како во чекалница во која никој не ги прашува како се? Како се? Како се? Не само што научиле, оти сѐ помалку учат. Така забавени, со ветер в лице наместо в грб, младоста им добива поинаков лик. Знаат дека не мора да учат. И онака знаењето не е критериум. За жал, остануваат ненаучени и нешто многу поважно. Од дома, родителот по титула, но не и по функција пропушта да им покаже дека љубовта кон животот и исправноста во него треба да им се императив.
Во училницата, сакале да признаеме или не, ние наставниците во грч и под товар на немоќта да ни се чуе гласот во битките за поинаква училница, се губиме во сценариото со погрешни улоги, пропуштаме да им покажеме дека сме тука за нив и дека она што сме, треба да им е императив. Не ги учиме дека другарот од клупа е другар за цел живот. Оној што се брани ако некој го напаѓа. Оној што не се тегне за коса, не се исмева, не се навредува, не се снима со мобилен телефон додека некој го малтретира. Пропуштаме да видиме дека зад неучењето, зад агресивноста, зад дрскоста, секогаш се крие повик за помош. Не го слушаме.

Комплексна е младоста денес, да. Многуте прашања што ги поставив погоре се вистинските и сите треба да си ги одговориме. И како родители и како наставници. Затоа што тие одговори им ги должиме на сите оние прекрасни, млади луѓе на кои, со она што сме, им даваме форма и содржина како личен белег по кој ќе се препознаваат цел живот. Затоа што сè додека не се зафатиме со одговорите, ќе гледаме младост која ја губиме од вид. Младост која ќе ни кажува дека е добро. Само не е среќна.

 

Извор.

https://www.fakulteti.mk/news/02032020/kolumna-saga-za-mladosta?fbclid=IwAR26oFn3s9VuVBg7tqLFqproNcDS598O_OoKO7Et8cyvqLZ7S7cY_QETSKE

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3210
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7694
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

21/12/2024 - сабота

Божикен пост (на риба)

Преп. Патапиј; Св. апостоли Состен, Аполос, Тихик, Епафродит, Онисифор, Кифа и Кесар; Св. маченици во Африка;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Исповедниче на вистината, сведоку на благодатта, проповедниче на слободата, Парамоне свети мачениче, трубо Божја за сведоштво,оправдание на твоите триста и седумдесет

Тропар на светите петнаесет Тивериополски свештеномаченици 28 ноември / 11 декември 2024

Тропар на светите петнаесет Тивериополски свештеномаченици 28 ноември / 11 декември 2024

Голема пофалба и крепост има градот Тивериски,ерарсите, свештениците и левитите: зашто откако идолската прелест ја разобличија, победници над нечестивите се...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная