Во спомен на † Упокоение на св. Кирил Солунски;,Преподобен Исакиј, затворник Печерски, во Соборниот храм Св.Климент Охридски, отец Горан Стојчевски во сослужение на ѓаконот ЈованПачемски отслужи Божествена Литургија на која верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.
Поука на денот: Старец Ефрем Катунакиски
Послушанието ќе ги донесе сите дарови. Послушанието ќе ја донесе благодатта Божја. И најмалата непослушност кон Старецот ја одгонува божествената благодат. Сите страсти постепено биваат исцелени со помош на послушанието. Не спасува ниту свештеничкиот чин, ниту постот, ниту пак подвигот. Спасува само послушанието. Послушанието чини чуда. Послушанието е смирение. Поради послушанието Бог му го дава на човекот дарот на молитвата. Молитвата е последица на послушанието. Кога си во послушание ќе ја најдеш и молитвата, ќе го најдеш и богословието. Кога немаш послушание, нема да најдеш ништо. Па и да имаш нешто, и тоа ќе го загубиш. Послушанието е извор на молитвата. А молитвата е извор на благодатта, на дарот на солзите, на божественото просветлување, на топлата и божествена ревност.
- Божествена Литургија во Соборен храм, Скопје (31.10.2019)
- Преминпортал(к.т.)
Друго: