† ПРЕОБРАЖЕНИЕ ХРИСТОВО, Сруга (19.08.2016)
Овој настан се случува пред последните дни од животот на Господа Христа, односно, пред Неговото омаловажување, клеветење, судење, тепање, распнување, и тоа на крст, и конечно, Неговата смрт. Пројавувањето на Неговата Божествена слава било потребно за да ги утврди апостолите во верата. Да ги охрабри и да ги вдахнови за да не потклекнат пред искушенијата.