„Доброто бара оправдување на доброто“ – во спомен на Елизавета Глинка
Доктор Лиза ја сакаа сите. И имаше за што: во текот на многу години, таа практично секојдневно укажуваше палијативна медицинска помош, хранеше бездомници, ги облекуваше, им даваше прибежиште. Под истрели извезуваше болни и ранети од Донбас, за да можат да се лекуваат во најдобрите болници од Москва и Санкт-Петербург.