
„Доколку ми дадете благослов да пијам чај, Христос може да го претвори во млеко, па дури и да ме излекува само со чај.“
Старецот бил трогнат од големото благочестие на монахот и му дал благослов да пие чај наместо млеко.
Така, ако простодушните зборови на побожниот монах го трогнале игуменот, колку ли повеќе го трогнале самиот Христос!













Во никој случај да не се преоптоваруваме со грижи поради физички потреби, туку да Му веруваме на Бога со сета наша душа, како што еднаш рекол еден добар човек: „Имај доверба во Господа и Тој ќе ви се повери вам“, и како што пишува блажениот апостол Петар.
Умот кој долго размислува за нешто материјално, се разбира, станува зависен од тоа, имено, тоа е или желба, или тага, или гнев, или злопамтие, и ако не смета дека тоа е ништожно, нема да може да се ослободи од таа страст.
Од едната страна 
Местото во рајот се заслужува. Со жртва од страна на оној кој сака да биде во него и да постигне вечно блаженство и спокој во милоста Божја. Ништо лично за неистомислениците, но тоа се правилата на христијанството. На ова е изградена целата христијанска етика. Да се каже јасно и точно - подобро е да си болен, но верен, отколку да си здрав, но неверен!
Свештенството при Соборниот храм во Скопје, на 13.10.2022 година, со сеноќно бдение го одбележа празникот Покров на Пресвета Богородица. На Светата Литургија, бројниот верен народ се причести со Светите Христови Тајни.
Покрај Галилејското море, воблизина на Хоризин и Капернаум, се наоѓаше градот Витсаида (1). Во тој град се родија тројцата апостоли: Петар, Андреј и Филип. Петар и Андреј беа рибари и со тој занает се занимаваа додека Господ Христос да ги повика со себе. Филип пак, уште во младоста родителите го дадоа да ја изучува книжевната мудрост.


Денес, во времето на една општа криза што го допира секој сегмент од живеењето на луѓето, темата за радоста е значајна и актуелна. Сама по себе, темата не е нова, туку претставува навраќање и легитимирање на една древна тема, на еден мисловен топос, од кој извира безвременска мудрост. Ќе се согласите дека не постои можност во едно толку кусо излагање да се изгради кохерентна























