логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 starec.Emilijan.Simonopetriski

ЖЕЛБА И ТАГА

Извор: „Мистичен брак: духовниот живот според свети Максим Исповедник“

Автор: архим. Емилиан Симонопетритски


3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel

Умот кој долго размислува за нешто материјално, се разбира, станува зависен од тоа, имено, тоа е или желба, или тага, или гнев, или злопамтие, и ако не смета дека тоа е ништожно, нема да  може да се ослободи  од таа страст.
Тоа се зборови што ги одразуваат длабочините на нашата душа. Кога умот талка некаде, тоа не е случаен и ненамерен настан; тоа не е резултат на некаква блудна мисла или расејаност на вниманието, на нешто минливо што припаѓа на сегашниот минлив момент. Напротив, тоа покажува дека во нас е длабоко вкоренето нешто, што треба да го разбереме и откриеме.


На пример, кога се молам, забележувам дека мојот ум лута некаде. Кога тоа ќе се случи, се обидувам да го вратам на зборовите што му ги кажувам на Бога. Сепак, ова не значи дека сум остварил конечна победа. Тоа е пред се моментално дејствие, реакција на она што се случува во моментот. Несомнено - и тоа е важно кога мојот ум лета некаде и кон нешто, особено кога се задржува таму и постојано се враќа таму - во мене дејствува некаква страст поврзана со тоа нешто, и треба да разберам што е тоа. Ако не успеам, мојот ум и мисли непрестајно ќе се навраќаат таму.


Доаѓаш кај мене и ме прашуваш: „Геронда, зошто постапуваме во манастирот на еден или друг начин, откако отците на Црквата кажале дека треба да го правиме токму спротивното? Ви ја објаснувам причината и вие велите: „Да, разбирам, во право сте“. Поминува еден месец и истото прашање се појавува во вашиот ум. Доаѓаш пак кај мене, јас повторно ти ја објаснувам причината и ти велиш: „Прости ми, моето его ме натера да го поставам ова прашање“.


Кога во нас постојано се појавува одредена желба, под која подразбираме одредена последователност од мисли или начин на размислување; кога истите работи продолжуваат да не мачат или кога се соочуваме со еден и ист проблем со луѓето или се случува нешто што не ни се допаѓа и не го одобруваме, што се случува тогаш? Одново се враќаме на она за што веќе разговаравме петнаесет или дваесет пати, или петнаесет или дваесет години. Тоа означува дека сме под власта на одредена страст.
Друг пример: покажуваш дека мислиш на поинаков начин од оној што е усвоен во манастирот, или држиш гледна точка спротивна на она што го кажал игуменот, и се прашуваш: „Која е Божјата волја за мене во оваа ситуација ? " Прашањето е разјаснето и ти носиш одлука. Меѓутоа, по некое време, повторно се прашуваш: „Што навистина очекува Бог од мене во оваа ситуација? Доколку тоа што ме тераат да го направам е лишено од секаква смисла, дали треба да се покорувам и да го правам тоа, или Бог ме испрати тука за да се залагам за вистината? “ Уште еднаш, се соочувате со старата дилема. Тоа што таа повторно се појави нема никаква врска со вистината; нема врска со љубовта кон манастирот, нема врска со смирението. Но, тоа има многу врска со одредена страст која работи во вас, и тоа може да биде начин на размислување, желба или одредена себичност која е поврзана со она за што постојано се навраќате или размислувате.
Кога ќе забележите дека вашиот ум повторно застанува на нешто материјално и сетилно или на одредена мисла или слика, дали затоа што ве привлекува таа работа, или затоа што имате одреден став или пристрасност кон неа, или затоа што ви дава моќ или ве исполнува со чувство на живост и затоа се занимавате со тоа, можете да бидете сигурни дека во вас дејствува некоја страст.

Св. Максим споменува неколку такви страсти: желба, тага, гнев и огорченост. Ајде да ги разгледаме секој поединечно.
Желба. Кога желбата е страст или кога станува страст? Дали ова се случува само кога имаме лоша желба? Не. По дефиниција, секоја желба е страст, бидејќи кога дејствува во нас, не можеме да се молиме нерасејано. И ова, како што рековме, означува дека наместо љубов кон Бога,во нас  постои прељубодејствие, кое го извршуваме со предметот на нашата желба. „Сакам“ значи дека мојот дух, моите сфаќања, моите чувства ги претворам во нешто. Ова „нешто“ има моќ над мене. Како да живее во мене и го контролира протокот на моите мисли, ги поместува длабочините на мојата душа, ме врзува за себе, така што станувам едно со него. Оваа силна приврзаност, оваа длабоко вкоренета привлечност, е суштината на паднатиот образ на човекот.
Последователно, желбата е средство преку кое се прилепувам за нешто како да сум обврзан за него со брак, и не можам да живеам без него. И оваа желба може да биде од два вида: добра и лоша.
Тага. Тагата се однесува на онаа состојба во која сме депресивни и огорчени и кога велиме: „Го исполни моето срце со тага“. Да се биде во депресија значи дека моите желби не се исполнети, или дека нешто не успеало да предизвика кај мене силни чувства или дека ме оставило  незадоволен. Се чувствувам тажно кога нешто што планирав или во кое верував не успеа да се случи; кога работите не ги исполнуваат моите очекувања; кога не можам да ги постигнам сопствените желби. Или кога ме принудуваат да направам нешто против мојата волја.
На пример, како кога ми велите: „Престани да го правиш она со што се занимаваш, пробај на друг начин и направи го тоа“. Јас сум веднаш вознемирен, тагата и разочарувањето ме обземаат, бидејќи промената не ги исполнува моите желби; тоа е во спротивност со мојата идеја за тоа што е најдобро или исправно за мене. Јас расудувам вака: „Зошто ме отстрануваш од она што сакам да го правам? Ми се допаѓа работата што ја работам во манастирот, но не ми се допаѓа она што сакаш да го правам сега. Не ми се допаѓа оваа работа и не сакам да ја работам “.
Тагата, според тоа, произлегува од ограничувањата и забраните кои се наметнати на моето его. Таа, всушност, нема врска со работите што другите ми ги кажуваат или ми ги предизвикуваат, туку со нештата што ги носам во себе: она што го мислам или чувствувам, она во кое што верувам и сакам, особено кога другиот не постапува онака како што јас сакам и ми го одзема и ускратува она што го посакувам. Гледано на овој начин, тагата е искуство во кое се затворам во себе си. Тоа е целосна, себична и наметлива состојба на самозатварање во границите на сопствената индивидуалност; целосна изолација на моето битие од другите. Тагата е еден од смртоносните гревови, бидејќи изолацијата во егото значи изолација од Бога и ближниот. И бидејќи мојот ближен е член на Телото Христово, за мене неговото присуство значи присуство на Бога. Тагата, пак, е одвојување од Бога, и кога ќе стане трајна, конечно ме одвојува од Него. Ако постојано тагувам на овој начин, живеам како Бог да не постои.


Дали гледате како се поврзани желбата и тагата? Желбата, од една страна, значи дека мојот дух е прикован за нешто, со други зборови, мојата емоционална енергија, привлечноста на мојата волја, мојата душа е некаде закотвена. Тагата, од друга страна, е предизвикана од отфрлање или неуспех да се постигне она што го чувствувам, верувам или сакам.


Книгата - „Мистичен брак: Духовниот живот според свети Максим Исповедник“ (2018),  вклучува шест проповеди на Архим. Емилијан Симонопетритски од 1975 година, објаснувајќи избрани извадоци од „Четиристотини поглавја за љубовта“. Тие на достапен и разбирлив начин ги опишуваат предусловите и начините за постигнување на мистичниот брак со Бога, на кој е повикан секој човек. Разговорите беа препишани и објавени за прв пат во 2015 година под наслов „αερί αγάπης: Ερμηνεία στον Άγιο Μάξιμο“ („За љубовта: толкување на Свети Максим“).

Извор - bogonosci.bg


За Преминпортал – Симеон Стефковски

3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3121
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7591
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар

 

13/11/2024 - среда

Светите апостоли Стахиј, Амплиј, Урван, Наркис, Апелиј и Аристовул; Светиот маченик Епимах; Светиот маченик Никола Хиоски; Преподобните Спиридон и Никодим;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св.бессребреници  и чудотворци Кузман и Дамјан 1/14 ноември 2024

Тропар на св.бессребреници и чудотворци Кузман и Дамјан 1/14 ноември 2024

Свети бессребреници и  чудотворци, Козмо и Дамјане, посетете ги нашите немоќи,   бесплатно примивте, бесплатно давајте ни.

Тропар на св. Христови апостоли Стахиј, Амплиј, Урван, Наркис, Апелиј, и Аристовул 31 октомври / 13 ноември 2024

Тропар на св. Христови апостоли Стахиј, Амплиј, Урван, Наркис, Апелиј, и Аристовул 31 октомври / 13 ноември 2024

О достославни ученици Христови,вие Бисерот го најдовте,радоста со родот човечки ја споделивте,со неа исполнети маките и прогоните за трици ги...

Тропар на св. Христови апостоли  Клеопа, Терциј, Марко, Јуст и Артем 30 октомври / 12 ноември 2024

Тропар на св. Христови апостоли Клеопа, Терциј, Марко, Јуст и Артем 30 октомври / 12 ноември 2024

Апостоли свети Христови,трагајќи по патот на слободата Христа го пронајдовте,со учењето за бесмртноста темнината на незнаењето ја осветливте,молете се о...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная