Награда „Антев златник“ за мојата татковинска книга „Глуво време“. До век и веков да ни остане светилник Антевото име!
НА СМРТНА ПОСТЕЛА
Од едната страна
ѕвездите ти се придружба
а од другата ѓаволот
Тебе јаболко на раздорот
буре барут спотнато
монето за поткусурување
на туѓите пазари
Тебе што страдаш од амнезија
самопотисната
самозаборавена
самоунижена
голема само на старите
географски карти
и во срцата.
Се нишаш де на едната де на другата страна
и уморна си веќе и смртно разболена
и ниту ги гледаш ѕвездите
ниту го слушаш подмолниот шепот на сатаната.
Коска и кожа си и одвај збиваш
со трошка живот за душата закачена,
мрша си околу која се збираат глутници
со наострени вилици.
На умирачка си
и твојата смрт во мене се прелева.
Како јанѕа најопака ме раскинува
ме лапа и расчеречува
како рак заумен
ме заплеткува во своите лигави пипала
и не ми дава глава да кренам –
ме сотира.
Избор од фб профил на Violeta Tancheva-Zlateva
Октомври 2022 лето Господово