Основа на постот е борбата со гревот преку воздржание од храна. Значи воздржание, а не истоштување на телото, затоа правилата за запазување на постот секој треба да ги усогласи со своите сили, со степенот на својата подготвеност за пост. Постот е аскетски подвиг, кој бара подготовка и постепеност.
Преподобен Јустин Ќелиски: ФИЛОСОФИЈА НА ПРОГРЕСОТ (2)
Ваквиот одговор ме поттикнува на прашањето: како философијата може да му даде смисла на човековиот живот, кога така го решава кобниот проблем за смртта? Всушност, разните философии не се ништо друго освен аритметика на песимизмот. Кога човек од ивицата на гробот го набљудува светот, тогаш ниту една философија не може да ја заслади горката тајна на смртта.