логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

TVIT411

Пост Велигденско послание

Што има ново со нашата Црква? Барем ништо од тоа за што некои се „загрижени“! Никој од нас досега официјално не побарал промена на уставното име на нашата Црква, никој не ја побарал нашата црковна диjаспора, никој не побарал промена на нашиот црковен календар, никој не побарал ставропигиjални манастири во наша јурисдикција, никој не ја повредува на никаков начин нашата автокефалност; знаат сите дека, ако беше побарано, сигурно ќе се дознаеше. Иако, разбирливо е дека празнината од отсуството на умно-срдечната молитва, или послушанието, мора да се пополни со некаква грижа или опседнатост за што било друго. Загриженоста врз основа на претпоставки е „судбината“ на сите што страдаат од невроза. Јавен говор и дела на омраза, врз основа на само претпоставки, се плодови на растроената личност, односно на опседнатите социопати.

Значи, никој ништо не побарал од нас – од тоа што набројав, ниту ние, ако некој побара такво нешто, од пастирски причини, можеме да прифатиме – мислам дека сега би требало да им е јасно на сите; тоа им беше јасно и досега на сите лојални и разумни верни.

Напротив, после 55 години црковна одвоеност, најпрво Вселенската Патријаршија, а потоа и останатите Помесни Православни цркви, љубовно нѐ прифатија во Евхаристиска Заедница, за што им должиме само благодарност; и тоа е најважно. Со други зборови, ние сме автокефална Помесна Православна црква со Устав што го потврдува истото од 1967 година – кој единствено важи за нас, додека останатите Помесни цркви сега само наоѓаат соодветен канонски начин да воспостават Евхаристиска заедница со нас, преку свои акти. Мислам дека и ова е многу јасно.

Не можеме на туѓи административни акти да им придаваме поголемо значение од љубовното – ние си имаме наш важечки Устав, а посебно не е нормално да се расправаме меѓусебно поради нив. Ако се сеќавате, веднаш лани, после заедничкото сослужување со СПЦ во Скопје, го напишав тоа: „не ѝ требаше на нашата Црква никаква автокефалност или, пак, автономија, туку љубов“; додуша, и ним им требаше истото.

Светиот Синод на МПЦ – ОА, Јустинијана Прва, се раководи само согласно својот Устав, активно ја чува својата Апостолска, Соборска, Светоотечка и Православна вера во Богочовекот Исус Христос – непроменета, и се грижи за единството на сите во Едната, Света, Соборна и Апостолска Црква – според своите сили и колку што зависи од нас. Не заземаме ничија страна, не сме ничиј привезок, не сакаме да бидеме причина за поголем меѓуправославен раскол, не правиме идол од ништо, си имаме потполно своја црковна политика и карактеристични црковно-пастирски интереси, но многу добро знаеме и кој е Прв по чест во Православната Црква – согласно одлуките на Вселенските Собори, како и која е нашата моментална геополитичка позиција.

Во координација сме со сите релевантни фактори во државата – што се однесува до актуелнава тема; нормално. Војната што се води против нас од надвор е суптилна, но од никого и од ништо не се плашиме. Непотребните наши внатрешни борби на суети се знак за духовна незрелост и отсуство на мисија меѓу луѓето; тие се и откривање на нашите слабости. Никому ништо не можеме да му наметнеме, ниту пак сакаме; ниту пак некој може нам да ни наметне. И, кој сака, може да остане со нас, кој не сака – што да правиме...

Се залагаме за нормално, здраво и праведно општество за сите граѓани, а сме против сите настраности од секој вид; да, сѐ ни е дозволено, но не ни е сѐ од духовна полза. Гревот го мразиме, а грешникот и непријателот напорно се трудиме да ги љубиме.

Ако за нешто треба сите да се загрижиме – доколку сме нормални, тоа е следново: прво и најглавно е дека сите треба да пораснеме низ степените на духовниот развој, од очистување на срцето од страстите, преку просветлување на умот, па сѐ до обожение, а знаеме каде сме повеќето – во религиозна невроза или во растројство на личноста; и второ, имаме 99,5% крстени номинални христијани кои не ни одат во Црква, токму поради незрелоста и внатрешните борби на суети кои ги гледаат кај нас јавно, односно поради отсуството на Христовото сведоштво во нас – и за чии души сме апсолутно виновни. Еве ни поле за загриженост – и тоа многу голема, како и за работа – и на лично и на општествено ниво, и еве како можеме да бидеме навистина корисни за Црквата. Еве и како се чува и верскиот и националниот идентитет. Ама, од една страна, за тоа е потребна голема лична жртва и одрекување од „нормалниот“ живот, а од друга страна, полесно е некој друг да е виновен, полесно е да ги исправаме црковните проблеми на социјалните мрежи и да лечиме индивидуални фрустрации, полесно е да се собираат политички поени на грбот на Црквата, и полесно е поради привремен популизам и лажен патриотизам да изгубиме нешта кои се суштински важни за нас – како што неколкупати веќе изгубивме, односно полесно е сѐ отколку аскетско-исихастички подвиг и работа на самите себе, како и на своето бездетно семејство. Тоа е; сѐ што треба знаете... и повеќе од тоа...

Здравје, живот, утеха, духовен разум, мир, љубов и радост им пожелувам на сите! Христос Воскресе! Единственото секогаш ново во овој свет... - дедо Наум

 

16ти април 2023 лето Господово

 

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3212
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7697
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

21/12/2024 - сабота

Божикен пост (на риба)

Преп. Патапиј; Св. апостоли Состен, Аполос, Тихик, Епафродит, Онисифор, Кифа и Кесар; Св. маченици во Африка;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Исповедниче на вистината, сведоку на благодатта, проповедниче на слободата, Парамоне свети мачениче, трубо Божја за сведоштво,оправдание на твоите триста и седумдесет

Тропар на светите петнаесет Тивериополски свештеномаченици 28 ноември / 11 декември 2024

Тропар на светите петнаесет Тивериополски свештеномаченици 28 ноември / 11 декември 2024

Голема пофалба и крепост има градот Тивериски,ерарсите, свештениците и левитите: зашто откако идолската прелест ја разобличија, победници над нечестивите се...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная