Доаѓаме и заминуваме без да сфатиме што е животот
Отецот Филотеј Фарос е еден просветлен клирик, богослов и психотерапевт. Разговарајќи со него откриваш нови хоризонти, добиваш богатство од знаење, сочувство и еден вкус на живеење. Има напишано повеќе од десет книги со главна тема од животот на човекот, љубовта, смртта и најважното е дека успева со зборови од душата да ја разбуди совеста.