Јеротеј Влахос: ГОСПОДОВИТЕ ПРАЗНИЦИ - ХРИСТОВОТО ВЛЕГУВАЊЕ ВО ЕРУСАЛИМ
Св. Кирил Александриски во негова беседа на Неделата на Цветници се осврнува на релацијата, но и на разликата помеѓу двата големи Господови празници. Вчера, вели, т.е. на Лазаревата Сабота, празнуваше Витанија, денес, т.е. на Неделата на Цветници, целата Црква го прима Божјото присуство. Вчера Христос му подари живот на друг, т.е. на Лазара, денес Самиот доаѓа кон смртта. Вчера воскресна четвородневниот, денес доаѓа во Ерусалим тридневниот.