Прво, очистува од гревот. Со милосрдност и правда гревот се очистува (Изрек. 16, 6). Нема грев што милостината не би можела да го очисти. Водата по својата природа не ја пере нечистотијата на телото онака, како што милостињата со својата сила ја измива нечистотијата на душата, вели светиот Златоуст.
д-р Дмитриј Авдеев- Јоана Беседина: ПРОБЛЕМОТ НА МАЛИТЕ ГЕНИИ
Раниот развој на децата, според различни методи, е една од многуте моди. Денес, само тоа слушаме: најважен за секој човек во нашиот „информациски век" е интелектот. Многу родители се поткупени од тој аргумент. Мајките сметаат дека детето треба да стекнува огромно интелектуално знаење буквално уште од пелените.